Уште две недели до финалето на Coca-Cola Купот

Две недели пред  големото финале на Coca-Cola Купот атмосферата на спортските терени низ цела Македонија е одлична. Млади на возраст од 12 до 16 години од основни и од средни училишта ги покажуваат своите фудбалски вештини и спортски дух во изминативе неколку недели учествувајќи во фудбалските натпревари во рамките на Coca-Cola Купот. Досега се одиграни повеќе од 100 натпревари во кои учествуваа околу 1.200 деца, а до крајот на Купот нивниот број ќе се дуплира. Домаќини на Coca-Cola фудбалските натпревари беа Кавадарци, Гостивар, Охрид, Струга, Дебар, Струмица, Штип, Радовиш, Сопиште, Сарај, Петровец и Аеродром. Натпреварите ќе се играат до 30 мај, за кога е закажано големото финале на стадионот на Работнички во Градскиот парк во Скопје.

ushte-dve-nedeli-do-finaleto-na-coca-cola-kupot-(Coca-Cola Cup Aerodrom)-kafepauza.mk

Coca-Cola Купот традиционално се организира веќе четврта година по ред. Носители на проектот се Coca-Cola, Пивара Скопје и меѓународната организација Отворени забавни фудбалски школи, во соработка со основните и средните училишта од повеќе општини.

Купот е ефикасен начин за промоција на позитивната идеја за создавање здрави животни навики кај младите преку практикување физичка активност исполнета со дружење и забава. Концептот на здрав баланс на енергија, односно добриот сооднос на внесени и потрошени калории е важна работа која младите треба да ја учат уште од најрана возраст.

ushte-dve-nedeli-do-finaleto-na-coca-cola-kupot-(Coca-Cola Cup Gostivar)-kafepauza.mk

Купот досега има активирано повеќе од 5.200 ученици од цела Македонија. Годинава бележи своевиден рекорд од околу 2.000 учесници кои доаѓаат од 150 училишта од 18 општини.

До финалните натпревари нè делат нешто помалку уште две недели. Дотогаш игралиштата ќе бидат преплавени од енергијата и ентузијазмот на младите кои, облечени во своите омилени Coca-Cola црвенo-бели маички, ќе ги одмеруваат своите фудбалски сили, но, пред сè, ќе се забавуваат и ќе се дружат.

ushte-dve-nedeli-do-finaleto-na-coca-cola-kupot-(Coca-Cola Cup Stip)-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар