Црвениот крст го проширува обемот на своите активности како одговор на пандемијата од Ковид-19

Преку активирање на дополнителни мобилни тимови за поддршка на ранливи категории граѓани и обезбедување на неопходни материјали за Клиниката за инфективни болести во Скопје, Црвениот крст на Република Северна Македонија го проширува обемот на своите активности во борбата против корона вирусот. Финансиските средства за реализација на овие активности на Црвениот крст се обезбедени од Фондацијата на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје.

Црвениот крст го проширува обемот на своите активности како одговор на пандемијата од Ковид-19

Поддршка за активностите на Црвениот крст даде и претседателот на државата кој ја посети организацијата и се сретна со членовите на  мобилни тимови, упатувајќи им благодарност за нивната работа.

Услуги даваат 37 мобилни тимови кои ce задолжени за логистичка поддршка на ранливи целни групи од населението на територијата на целата земја. Сите мобилните тимови се активни секој работен ден, а нивната задача е да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории граѓани на целата територија на земјата, за тие да немаат потреба да ги напуштаат своите домови, со што ќе се спречи ширењето на корона вирусот. Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните ги плаќаат само артиклите или лековите што им се набавуваат.

Црвениот крст го проширува обемот на своите активности како одговор на пандемијата од Ковид-19

За да се овозможи поголема ефикасност и оперативност на мобилните тимови, обезбедени се и дополнителни две возила кои им се дадени на располагање за нивните потреби.

Телефонските броеви на кои граѓаните можат да побараат асистенција од мобилните тимови, како и временскиот распоред на нивното функционирање се објавени во табелата подолу, како и на интернет страницата на Црвениот крст – ckrm.org.mk

Црвениот крст го проширува обемот на своите активности како одговор на пандемијата од Ковид-19

Ангажирани се и три медицински сестри кои ќе вршат домашна посета на територија на град Скопје. Нивната задача ќе биде да извршуваат посети на стари и немоќни лица во домашни услови, со цел примарна грижа за нивното здравје, помош во земање на дневна терапија со препишани медикаменти од матичниот лекар, проверка на крвен притисок и шеќер во крвта, како и психосоцијална поддршка.

Дополнително, во соработка со Министерството за здравство, од листата на приоритетни потреби за здравствените установи набавени се неопходни материјали за потребите на Клиниката за инфективни болести во Скопје, како поддршка во услови на зголемена фреквенција на пациенти.

Црвениот крст го проширува обемот на своите активности како одговор на пандемијата од Ковид-19

Мобилен тим Број за контакт Време на функционирање
Битола 047 236 019 08:00 – 16:00
Делчево 033 412 010, 070 254 650 08:30 – 12:30
Велес 078 254 729, 075 272 485, 075 247 637 08:00 – 14:00
Кавадарци 070 239 352 09:00 – 13:00
Кичево 045 225 324 08:30 – 12:30
Кочани 071 373 677, 070 360 855 08:30 – 12:30
Крушево 071 379 920 08:30 – 12:30
Охрид 046 261 909, 070 315 309, 13 112 (скратен тел. број на Планинската спасителна служба) 08:30 – 14:30
Свети Николе 032 443 171, 074 600 171 08:30 – 12:30
Струга 071 398 424 08:30 – 12:30
Струмица 071 345 901 09:00 – 14:00
Тетово 044 336 374 09:00 – 14:00
Штип 074 203 030 08:30 – 14:00
Црвен крст на град Скопје – Тим за бездомници 02 3096 227 08:30 – 12:30
Чаир 070 208 383, 02 2621 924 08:30 – 12:30
Карпош 071 349 230, 02 3068 806 08:30 – 12:30
Кисела Вода 071 349 225, 02 3211 417 08:30 – 12:30
Гази Баба 071 243 078, 02 2529 153 08:30 – 12:30
Центар 070 297 166, 02 3115 029 08:30 – 12:30
Куманово 075 207 126, 077 719 494 10:00 – 14:00
Крива Паланка 078 303 060 08:30 – 14:30
Радовиш 072 277 177 09:00 – 12:00
Гостивар 042 216 488 09:00 – 13:00
Валандово 078 430 713, 078 743 356, 070 588 464 10:00 – 12:00
Гевгелија 071 714 105 08:00 – 16:00
Демир Хисар 047 276 861, 071 505 724 08:30 – 14:30
Виница 033 363 305 10:00 – 14:00
Пробиштип 071 246 745 08:30 – 12:30
Дебар 072 731 431 08:30 – 12:30
Ресен 071 553 254, 047 452 575, 077 941 053 09:00 – 14:00
Прилеп 048 427 710 10:00 – 14:00
Неготино 071 481 124 08:30 – 12:30


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар