Како да го претворите малиот балкон во идилична пролетна оаза?

Убавото време конечно пристигна, а мирисот на пролетта ве мами на долги прошетки. Единствениот проблем е тоа што во моментов не можете да излегувате надвор поради мерките за заштита од коронавирусот. Наместо да очајувате, време е да бидете креативни и да го искористите тоа што го имате. Ако живеете во стан или во куќа која има балкон, сигурно голем дел од времето поминувате таму. Овие совети ќе ви помогнат да го средите балконот, да го претворите во своја мала оаза на среќата, да го искористите максимумот од вашиот мал балкон и да го направите визуелно поголем.

Како да го претворите малиот балкон во идилична пролетна оаза?

Првиот совет што може да го добиете од експертите за уредување е да го уредите балконот во минималистички стил. Надворешниот мебел со едноставна линија, неутралните бои и фокусот на одредено парче мебел се основните правила на минималистичкиот принцип на уредување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balcony Paradise (@balconyparadise) on

Ако навистина сакате да го направите вашиот балкон посебен, но исто така и да заштедите простор, можете да додадете нишалка. Ако тоа не е возможно, тогаш еден агол од вашиот балкон можете да го претворите во удобен простор за читање со помош на удобно столче или фотелја што исто така ќе служи како едно парче мебел што ќе доминира во просторот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chelsey Brown (@citychicdecor) on

Наједноставниот начин за уредување на балконот е да поставите растенија. Можете да ги наредите на еден ѕид на балконот или можете да создадете своја мала џунгла со неколку поголеми растенија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Balcony Paradise (@balconyparadise) on

Пограјте си со текстурите и материјалите за да му дадете нова димензија на малиот балкон. Тепихот, покривачот и драпериите ќе внесат топлина во вашиот бетонски балкон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Veronika Bamfield (@_dope_design_) on

Ако имате мал балкон, важно е добро да го искористите просторот, што значи дека ќе треба да бидете снаодливи. На пример, оградата од балконот можете да ја претворите во мал бар или во маса каде што ќе можете да појадувате. Треба да купите само две високи столчиња и тесна висока маса. Се разбира, можете и сами да ја направите масата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sophie C Sophie Do 🐒 (@sophiecsophiedo) on

Светлината создава удобна атмосфера откако ќе зајде сонцето, па затоа е важно да поставите светилки што ќе обезбедат светлина, како што се фенери, свеќи и подни ламби.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by My Backyard Decor 💡 (@mybackyarddecor) on

Дрвените палети со години се голем хит, пред сè поради нивната приспособливост и достапност. Можете да направите едноставна клупа од палети и да ја надополните со перници, а во зависност од стилот што го сакате, можете да ја обоите во одредена боја.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ULLA (@rabobsen) on

Погледнете како совршено да ја уредите трпезаријата според фенг шуи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар