“The Voice” – едно поинакво талент шоу

Оригиналното шоу потекнува од Холандија под името „The voice of Holland” и започнува во 2010 година, а откако франшизата ја преземаат Велика Британија, САД и Австралија, станува еден од најпопуларните натпревари по пеење во светот.The voice - едно поинакво талент шоуКонцептот на шоуто е прилично различен од сè она на кое сме навикнати, особено поради уникатно смислените фази на селекција. Првата фаза е „слепа аудиција“ во која натпреварувачите пеат на сцената додека жирито составено од четири члена е свртено со грб. Секој од членовите има пред себе копче коешто го притиска кога посакува да го земе натпреварувачот во својот тим и откако го притиска, автоматски се врти кон него и за првпат визуелно го запознава новиот член на тимот.

Доколку копчето го притиснат повеќе членови на жирито, на крајот самиот натпреварувач избира со кого ќе соработува. Земајќи предвид дека некои од „тренерите“ се артисти од рангот на Том Џонс, Џеси Џеј, Вил Ај Ем, Дени О’Донахју, Кристина Агилера, Адам Левин, Шакира и многу други, натпреварувачите имаат прилично тешка одлука доколку мора да изберат.

Секој од жирито има право на 10 натпреварувачи во својот тим, што ја прави сè потешка одлуката да го притиснат копчето како што се пополнуваат местата. Реакциите се навистина интересни, а и меѓу натпреварувачите има феноменални таленти.

Жирито се обврзува да го тренира својот тим на најдобар можен начин, затоа што првичната селекција е само дел од долгиот процес. Во понатамошните фази, двајца или повеќе натпреварувачи од различни тимови се борат во „битки“, а жирито повторно го бира најдобриот. Тешко беше да се изберат неколку видеа од толку многу аудиции и настапи, но се надеваме дека ќе ви се допаднат. Уживајте!



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар