8 љубовни песни од Џони Кеш што ќе го стопат срцето на вашиот сакан

Тешко е да се пронајде вистинската љубовна песна. Сите луѓе имаат различен вкус кога станува збор за баладите. Можеби вам ви се допаѓаат едноставни, поетски и искрени песни, но тоа не значи дека и вашиот партнер треба да го сака истиот вид музика. Поголемиот дел од мажите не се големи љубители на баладите. Ретко кој од нив би признал дека понекогаш си ја потпевнува „My Heart Will Go On“ под туш или дека пуштил солза на „I Will Always Love You“. Според тоа, наоѓањето љубовна песна што би им се допаднала се чини како невозможна мисија.

8 романтични песни од Џони Кеш што ќе го стопат срцето на вашиот сакан

За среќа, постои решение за леденото срце на вашиот партнер, а тоа е извонредниот музичар Џони Кеш. Џони Кеш е најмажествениот романтичар на Земјата! Тој застанува на сцена со неговата гитара целиот облечен во црно и зборува за љубовта. Неговиот длабок глас ретко кого може да го остави рамнодушен. Доколку вашиот сакан ги чува емоциите во себе, обидете се да му пуштите некоја од следниве 8 љубовни песни, бидејќи ако некој може да го сруши неговиот непробоен ѕид, тоа несомнено е Џони Кеш…

1. „Darlin’ Companion“


Песна која зборува за меѓусебното разбирање и поддршка што треба да постојат кај партнерите. „Сѐ додека имам нозе на кои можам да застанам, ќе бидам тука до тебе“ е ветувањето што го дава Џони Кеш, а истото можете да му го ветите и вие на вашиот сакан преку оваа прекрасна балада.

2. „I Love You Because“


Дали некогаш сте се запрашале зошто вашиот партнер ве одбрал токму вас? Зошто токму вие сте љубовта на неговиот живот? Џони Кеш има илјадници причини зошто ја љуби неговата сакана, но најголемата е таа самата.

3. „’Cause I Love You“


Како се однесувате кога сте разделени со партнерот? Дали вашите чувства заладуваат или пак врската меѓу вас станува уште поцврста? Уверете го партнерот дека никогаш нема да дозволите да се раскине врската меѓу вас преку оваа прекрасна песна на Џони Кеш.

4. „Happiness Is You“


Кога сте вљубени, ниту еден проблем на светот не ви се чини толку голем, бидејќи знаете дека постои некој кој ве сака. Месечевата светлина на Џони избледела, песочните замоци се срушиле, но сето тоа било безначајно затоа што неговата среќа зависела единствено од неговата сакана. Доколку и вие се чувствувате така за вашиот партнер, не двоумете се дали да му ја пуштите оваа песна.

5. „I Walk the Line“


Вљубените луѓе имаат сила да ги пребродат сите пречки на патот и да ги претворат чудата во реалност. Вистинската љубов не може да се скрие. Таа зрачи со посебна енергија и е видлива за сите! Оваа песна говори токму за тоа и е совршен избор за романтична вечер со партнерот во домашна атмосфера.

6. „You’re the Nearest Thing to Heaven“


Љубовта заслепува и прави да го идеализирате партнерот. „Мојата потрага по љубовта заврши дента кога те најдов тебе, затоа што ти си најблиското нешто до рајот“ се зборовите на Џони Кеш. Како би го опишале вие вашиот партнер? Кажете му го тоа со оваа моќна љубовна балада!

7. „Ring of Fire“


Љубовта не може да опстои без страста. Љубовта е пламен кој постојано треба да се разгорува за да не згасне. Покажете му на партнерот колку копнеете по него со тоа што ќе ја пуштите оваа песна додека водите љубов.

8. „First Time Ever I Saw Your Face“


Дали уште веднаш кога го здогледавте вашиот партнер знаевте дека тој е вистинскиот? „Прв пат кога го видов твоето лице помислив дека сонцето изгрева во твоите очи и месечината и ѕвездите беа даровите што му ги даваше на темното и бесконечно небо, љубов моја“. Имате ли слушнато поромантични зборови од овие?! Ако и вие се чувствувате така за вашиот партнер, но не знаете како да го пренесете тоа преку зборови, оваа песна дефинитивно ќе ви помогне да ја искажете вашата љубов!

Во продолжение слушнете ги и овие песни за романтична атмосфера.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар