Љубов на прв поглед!?

Автор: Маја Кузмановска

Едно од најчесто поставуваните прашања од секогаш и за век и векови: Верувате ли во љубов на прв поглед!? Постои ли жена која се нема судрено со провокативен маж, притоа помислувајќи: „Да, тоа е тој, принцот, љубовта на мојот живот!“

Љубов на прв поглед!?

Девојки, од машки аспект принцот е возвишен поим за мажот. Нема таков што не сака да ѝ биде сè на една жена: нејзиното битие, насмевка, солзи, радост. Но, момците кои се толку едноставни суштества не знаат како да изреагираат. Не би знаеле што да направат доколку дознаат дека се нечиј принц. Обично, тоа го нахранува нивното его и во најчест случај си земаат малку повеќе права.

Да бидеме на чисто со една работа. Љубов на прв, па и на втор или трет поглед не постои. Тоа е занес, страст, почеток на симпатизирање. Љубовта е една од оние работи коишто не се случуваат преку ноќ. Таа бара познавање на себеси и на љубениот, созреани ставови, разбирање, доверба, поддршка. Она што го нарекуваме љубов на прв поглед е темелот на куќата која допрва треба да се гради.

Ако постоеше љубов на прв поглед тогаш зошто има толку многу пропаднати врски? Зошто толку дилеми околу тоа дали треба или не треба да се стапне на лудиот камен? Вистинската љубов не познава кавги, љубомори сцени или дилеми.

Доколку некогаш сретнете „рандом“ личност којашто ќе ви го украде погледот, прстот на чело, подзастанете и вдишете. Светот е хаотичен, не е на Дизни. Не можете за секоја згодна индивидуа да помислите дека токму таа е вистинската. Како што на секоја овошка ѝ треба време за да созрее така и љубовта. Вистинската љубов која ќе создава насмевка на вашето лице е онаа која ни триесет години не може да ја уништат, онаа која некој трет не може да ја расипе, онаа која како што рекол Ерих Фром – ќе направи едно од две суштества коишто притоа нема да го изгубат својот идентитет!

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Кристина Reply

    „РАНДОМ“ личност??? (Не ми го преведувајте зборот, знам што значи. Само не знам дали и Вие знаете та што не сте успеале да најдете соодветен збор на македонски.)

  2. Miki Reply

    Mozno e da se sluci i taa ljubov (najcesto ne e od dvete strani)ama e mnogu retka..Normalno toj sto ne ja doziveal za nego ostanuva samo mit.

Остави коментар