Уметнички дела изработени со еспресо

Карен Еланд е уникатен сликар која наместо со бои, своите дела ги изработува користејќи еспресо и вода. Нејзините слики најчесто се репродукции на најпознатите дела на големите сликари како Да Винчи, Ван Гог, Вистлер и многу други. Интересно е тоа што доколку на сликата има некоја личност, таа им додава шолја кафе во рака.

Уметнички дела изработени со еспресо

„Сликањето со кафе е навистина уникатна уметничка форма. Бара внимателен и нежен пристап. Доловување на длабочината на овие класични дела е можно само преку бавен и софистициран процес на градење слој по слој од еспресо“ – вели таа.

Уметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресо

Карен започнала да се занимава со сликање на 14 години, а нешто подоцна кафето станал нејзин омилен пијалак. Откако го открила вкусот на еспресото, решила да ги спои своите две големи страсти, па започнала да слика користејќи само еспресо и вода. Денес, кога сака да се одмори од вообичаеното сликање со молив, маслени и водени бои, оди во продавницата за кафе каде што и работи, па така инспирирана од аромата на кафе, тивките разговори и звукот на мелењето на кафето, ги црта своите несекојдневни дела.

Уметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресоУметнички дела изработени со еспресо

Со слична работа се занимава и Бразилецот Дирсеу Веига. Потсетете се на неговите уметнички дела насликани со кафе.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар