Кафето наспроти чајот

Што повеќе консумирате: кафе или чај? Каков и да е вашиот одговор, истражувањата покажуваат дека не правите грешка во ниту еден случај, бидејќи и двата пијалаци влијаат многу добро на човечкиот организам, но на различни начини. Ова се нивните позитивни страни.

Кафето наспроти чајот

Чајот

1. Белиот чај во себе содржи многу антиоксиданси, кои му овозможуваат да спречува повеќе болести отколку зелениот чај.

2. Белиот чај го спречува дебелеењето. Тој го инхибра растот на нови масни клетки.

3. Истражувањата покажуваат дека зелениот чај го намалува ризикот за рак на хранопроводот кај жените до 60%.

4. Најмногу кофеин има во црниот чај, па потоа следува зелениот, а во белиот има најмалку.

Кафето наспроти чајот

5. Чајот може да го спречи развојот на дијабетес тип 1 или пак да го забави неговиот прогрес.

6. Пиењето на 3-4 шолји чај дневно ги намалува шансите за срцев удар.

7. Чајот содржи флуорид кој ги заштитува забите.

8. Мажите кои пијат повеќе од 10 шолји зелен чај, значајно ги намалуваат шансите за добивање некоја болест на црниот дроб.

Кафето наспроти чајот

9. Според истражувањата, луѓето кои пиеле црн чај, 4 пати на ден, во период од 6 недели, имале значајно намалено ниво на хормонот на стресот кортизол во организмот.

10. Според некои истражувања, чајот помага и во заштитата од рак на белите дробови.

11. Чајот хидрира, иако во себе во големи количини го содржи кофеинот кој го дехидрира човечкиот организам.

Кафето

1. Луѓето кои пијат кафе ги намалуваат шансите да имаат Алцхајмерова болест подоцна во животот.

2. Редовното пиење кафе драстично ги намалува шансите за добивање срцеви болести.

3. Најмногу кофеин има во вареното кафе, па потоа следуваат филтер и инстант кафето, а драстично помалку има во еспресото.

4. Кафето помага во заштитата од дијабетес тип 2.

Кафето наспроти чајот

5. Пиењето кафе помага во намалувањето на шансите, мажите кои имаат повеќе од 40 години да добијат костобол.

6. Кофеинот во кафето го зголемува ефектот на апчињата против болка.

7. Кафето го заштитува црниот дроб од рак и цироза.

8. Кафето помага при помнењето и го подобрува времето на реагирање, особено кај постарите лица.

9. За ефектите од кофеинот има многу спротивставени гледишта. Вистината е една.

10. Има уште причини да не се откажувате од пиењето кафе, една од нив е и веројатноста за подолг живот.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. reni Reply

    crniot caj e ubav kogavo vodata sto se vari se dodava i mleko i taka se topli zaedno, pa se stava kea crn caj i se zasladuva

Остави коментар