Кафе и лимонада – летно освежување што ќе ве наполни со енергија

Оваа комбинација од кафе и лимонада ќе го направи вашето летно пролетно повозбудливо одошто можете да замислите

Кафе и лимонада – летно освежување што ќе ве наполни со енергија

Потребни состојки:
  • 1.500 милилитри вода
  • 400 грама шеќер
  • 500 милилитри свежо исцеден лимон
  • Свежо подготвено кафе (количината и изборот на вид кафе е по ваша желба)
Начин на подготовка:

Ставете го шеќерот во 500 милилитри вода и мешајте сè додека не се стопи, па додајте го лимоновиот сок и повторно измешајте. Сипете ја и останатата вода. Во една висока чаша наполнете лед и потоа претурете ја лимонадата, па додајте го кафето.

Погледнете и друга верзија на овој рецепт!

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар