Заменети при раѓање (Switched at Birth)

Приказна за текот на животот кој се одредува уште од самото раѓање, за семејството и семејните драми, за животот во изобилие наспроти скромниот живот кој е судбина на две тинејџерки

Заменети при раѓање (Switched at Birth)Главни улоги: Кејти Леклерк, Ванеса Марано, Констанс Мари, Д.В. Мофет, Леа Томпсон, Лукас Грејбил

Жанр: семејна драма

Премиера: 6 јуни 2011

Број на сезони: 1 (во тек)

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (84 гласа, просек: 9.35 од 10)

Loading...Loading...

———————————————————————————————————————————————————————–
Заменети при раѓање зборува за две различни семејства во кои живее по една тинејџерка на иста возраст. Едното живее во богатство и изобилие, тоа е семејство од високата класа, семејство кое вози скапи автомобили, приредува добротворни забави и ги праќа своите деца во скапи приватни училишта. Другото семејство е сосема нормално, типичен претставник на работничката класа, составено од мајка која заработува како фризерка и нејзината ќерка тинејџерка, кои одамна се напуштени од непознатиот татко. Сè изгледа навистина нормално, освен што не е баш…
———————————————————————————————————————————————————————–

Приказна: Ќерката на Џорџи, Дафни е глува од малечка, кога нејзиниот слух настрадал како резултат на менингитис. Оттогаш нивниот живот претставува тешка борба за нормален живот, да се биде нормално прифатен од средината, додека истовремено средината треба да има разбирање за потребите кои ги наметнува таквата состојба. Сепак, и покрај слабата финансиска состојба, животот во периферијата и отсуството на машка фигура во семејството, изгледа како Џорџи и Дафни да се снаоѓаат сосема добро, па дури постои и некоја ведрина во нивните животи.Заменети при раѓање (Switched at Birth)На другата страна е семејството Кениш, совршено и безгрижно, сè додека еден ден ќерката Беј случајно открива дека нејзината крвна група не се совпаѓа со онаа на нејзините родители. По обраќањето во болницата каде што Беј е родена, на виделина излегува вистината. При раѓањето Беј била заменета со друго бебе и семејството Кениш всушност си отишло дома со туѓо бебе. Заменетите бебиња се всушност Беј и Дафни.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Болницата им овозможува да стапат во контакт. Иако двете семејства имаат различен пристап кон целата ситуација и различни очекувања во иднина, сепак се сложуваат да живеат без малку под ист покрив со цел сите подобро да се запознаат.Заменети при раѓање (Switched at Birth) Тука настапуваат семејните драми, тинејџерските изливи на бес, кавгите помеѓу двете мајки на две ќерки, по една биолошка и по една која ја имаат одгледано, притисоците од таткото кој чувствува дека треба многу да надомести за пропуштеното и секако, љубовните авантури на двете девојки во главните улоги.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Заменети при раѓање (Switched at Birth)Заменети при раѓање (Switched at Birth)Заменети при раѓање (Switched at Birth)Порака: Заменети при раѓање сака да го прикаже проблемот со слухот и користењето знаковен јазик, како нешто нормално, како дел од животот со кој многумина се соочуваат. Згора на тоа, Кејти Леклерк, која ја толкува улогата на Дафни, има проблем со слушањето и во вистинскиот живот, како и луѓето од нејзината средина во серијата, што на приказната ù дава автентичност, како резултат на одличната, природна глума.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Кога и како да ја гледате: Бидејќи е семејна драма, оди одлично по заедничкиот семеен ручек, во присуство на сите членови. Засега се прикажани 5 епизоди, па тек треба да чекаме да се развива дејството и да видиме што ќе понуди приказната. Во секој случај, замислата е интересна, оригинална и барем засега ветува добар развој во иднина.Заменети при раѓање (Switched at Birth)Слични серии: Родители“, „Седмо небо“, „Неочекуван живот“, „Три Хил

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. elka Reply

    preubava serija, za zal sto mora da se ceka sekoja naredna da izleguva:))

  2. BIljana Reply

    Toplo ja preporacuvam :) JA sledam serijata i odlicna e!

Остави коментар