Неочекуван живот (Life Unexpected)

Неочекуван живот (Life Unexpected)

Приказна за семејните врски, осаменоста, одговорноста, последиците, новиот почеток, љубовта и бунтовништвото

Неочекуван живот (Life Unexpected)Главни ликови: Британи Робертсон, Шири Апелбеј, Кристофер Полаха, Остин Бејзис, Кер Смит

Креатор: Лиз Тигелар

Жанр: драма

Времетраење: 42 мин.

Премиера: 18 јануари 2010

Јазик: англиски

Број на сезони: 2 (втората е во тек)

Следна епизода: 28 септември 2010

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 8
———————————————————————————————————————————————————————-
„Неочекуван живот“ е серија која ќе ви ги растрепери срцата и ќе ве натера да размислувате за тоа како животот може да ви се промени од корен, поради само една грешка во тинејџерските години. Од кратката сексуална авантура помеѓу Кејт и Бејз во средно училиште се родило девојче. Ова разединето семејство повторно се сретнува после 16 години. Лакс е прерано созреана тинејџерка која морала сама да се грижи за себеси целиот свој живот, а нејзините родители мораат конечно да пораснат и да ја преземат одговорноста за нивното дете.
———————————————————————————————————————————————————————–

.

.
Приказна:
Откако поминала 15 години неуспешно барајќи родители кои ќе ја посвојат и засекогаш ќе се грижат за неа, Лакс решила дека дошло време таа да преземе контрола врз својот живот и да постане самостојна малолетничка. За сето тоа да биде правно регулирано, на Лакс и е потребен потпис од биолошките родители.
.

„Ако си 30-годишен маж и си сингл, значи дека имаш стандарди, а ако си 30-годишна жена и си сингл, значи дека имаш некаков проблем?“

Најпрво таа успева да стигне до барот чиј сопственик е нејзиниот татко Бејз, кој живее ергенски живот со двајца мрзливи цимери, а веќе ја има поминато 30-тата година од животот. Тој е шокиран од фактот дека има ќерка, за која никогаш не дознал дека постои. Лакс е тотално изненадена кога Бејз и открива дека нејзината биолошка мајка е Кејт Кесиди, ѕвездата на радио шоуто „Утринско лудило“, кое таа го води заедно со нејзиното момче Рајан. Лакс го слушала гласот на Кејт на радио целото свое детство и чувствува инстантна поврзаност со својата мајка, која никогаш не ја запознала.
.

„Секоја девојка си го замислува таткото како на денот на нејзината венчавка ја испраќа до олтарот. Јас едвај можам да се сетам на мојот татко. “

Интересни податоци:

  • Кога Лакс би и била вистинска ќерка на Шири Апелбеј (Кејт), би требало да ја има родено на 11 години.
  • Актерката Нина Добрев, која ја глуми главната улога во серијата „Вампирски дневници“, била на аудиција за улогата на Лакс.

Кога и како да ја гледате: „Неочекуван живот“ е серија за сите генерации  и за сите времиња. Интересно е да ја гледате заедно со вашето семејство, бидејќи од неа можете да научите многу за градењето здрави семејни односи, но е подеднакво интересна и ако ја гледате сами или со друштво. Едноставна е за разбирање и следење, така што можете да ја гледате во кој било дел од денот и да уживате во нежните емоции кои ќе ги пробуди кај вас.
.

„Кога животот ти дава лимони, направи лимонада“.

Слични серии: „Три Хил“, „Модерно семејство“, „Седмо небо“

Гледајте ја серијата онлајн: www.watch-life-unexpected.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар