Топ 10 филмови со најголема заработка во 2016 година

Според многу процени во филмската индустрија, 2016-та година не е најдобрата досега. Доколку ја погледнете оваа листа од филмовите со најголема заработка, лесно ќе забележите дека тие го постигнале својот успех затоа што луѓето сакале да избегаат од реалноста околу себе. И покрај тоа што годината сè уште не е завршена, ова е прв пат на листата да не се најде ниту една приказна чие дејство е базирано во реалноста или пак, да вклучува реални луѓе. Па, погледнете ги досегашните најуспешни филмови за изминатава година.

1. Барајќи ја Дори (Finding Dory) – 486 милиони долари

(1) Топ 10 филмови со најголема заработка во 2016 година

Забавната, но заборавена сина риба започнува потрага по своите одамна изгубени родители и по пат сите учат неколку вредни лекции за вистинското значење на семејството.

2. Капетан Америка: Цивилна војна (Captain America: Civil War) – 408 милиони долари

(2) Топ 10 филмови со најголема заработка во 2016 година

Вмешувањето на политиката во активностите на Одмаздниците создава „дупка“ помеѓу поранешните сојузници – Капетанот Америка, Стив Роџерс и Железниот човек, Тони Старк.

Прочитајте ја нашата рецензија за овој филм.

3. Тајниот живот на милениците (The Secret Life of Pets) – 368 милиони долари

(3) Топ 10 филмови со најголема заработка во 2016 година

Тивкиот и мирен живот на кучето Макс целосно се менува откако неговата сопственичка ќе го вдоми Дјук, улично куче што веднаш започнува „домашна војна“ со него.

4. Книга на џунглата (The Jungle Book) – 364 милиони долари

(4) Топ 10 филмови со најголема заработка во 2016 година

По заканата од тигарот Шир Кан, момчето одгледано од волци, Могли, тргнува на големо патување за себеоткривање заедно со пантерот Багира и слободоумната мечка Балу.

Прочитајте ја нашата рецензија за овој филм.

5. Дедпул (Deadpool) – 363 милиони долари

(5) Топ 10 филмови со најголема заработка во 2016 година

Платеник со способност за брзо зборување и морбидна смисла за хумор подлегнува на нелегален експеримент за да си го спаси животот. Тој добива неверојатни моќи и мисија за одмазда.

Прочитајте ја нашата рецензија за овој филм.

Преминете на следната страница за останатите 5 филмови…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар