Тивки знаци на љубовта (Quiet Signs of Love)

„Quiet signs of love“ е кусо романтично филмче со моќна порака. Го дава досега најдобриот пример дека љубовта навистина не познава граници. Во неполни 15 минути е кажано она што некои филмови се обидуваат да го доловат со часови.

Тивки знаци на љубовта (Quiet signs of love)

Приказна: Почеток е на новата академска година. Студентот Даниел, на запишувањето на часот по историја ја забележува симпатичната Хана и после предавањата одлучува да ѝ пријде. Ја здогледува како седи на една клупа и започнува засрамено да мрмори пред неа. Тука стартува нивната интересна комуникација со знаци.

Хана на ливче хартија му пишува дека е глува и дека ништо не може да прочита од неговите усни. Но, нејзиниот хендикеп не го одвраќа Даниел од неа. Тој веднаш започнува да се шегува, пишувајќи ѝ дека му е мило што не слушнала ниту збор од она што ѝ го рекол. Ова се претвора во романтична дружба, сè до денот кога Хана одлучува да го запознае со нејзините глувонеми пријатели…

Видеото е изработено од австралиската компанија „Ikonfilm“ по нарачка на австралиската влада, со цел да се подигне јавната свест и да им се олесни комуникацијата на овие луѓе. Преку него, се промовира специјална телефонска услуга за глувонемите „National Relay Service“.

Тивки знаци на љубовта (Quiet signs of love)Тивки знаци на љубовта (Quiet signs of love)Тивки знаци на љубовта (Quiet signs of love)

За истото филмче, германската група „Einsauszwei“ изработила ремикс на хитот „Sound of silence“ од Simon & Garfunkel. Погледнете ја и оваа скратена верзија, која исто така, е одлично спакувана во добри 9 минути.

За која и да се одлучите од двете верзии на филмчето, нема да згрешите. Верувајте, го заслужува вашето внимание. Не ви гарантираме само дека ќе се задоволите со едно гледање. Можеби ова ќе биде вашето прво филмче, кое ќе го пуштате одново и одново…


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар