ТВ серија: Ханибал (Hannibal)

ТВ серија: Ханибал (Hannibal)

Серија која нема да ве остави гладни

Ханибал (Hannibal)Главни улоги: Хју Денси, Мадс Микелсен, Лоренс Фишбрн, Каролина Давернас…

Жанр: криминалистика, хорор, трилер

Креатор: Брајан Фулер

Премиера: 4 април 2013

Број на сезони: 1 (во тек)

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (31 гласа, просек: 9,94 од 10)
Loading...


Фантастично приспособеното сценарио надополнето со одличната екипа на чело со Мадс Микелсен, кој го толкува ликот на Ханибал Лектор, нема да остави никого рамнодушен. Доколку имате слаб стомак, бидете внимателни, хорор елементите во серијата се визуелно моќно прикажани, а на моменти дури и гадни. Не очекувајте дека Ханибал Лектор ќе биде истиот лик од филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“ од 1991 година, кој го толкуваше Ентони Хопкинс. Овој пат тој е уште пострашен, а морници ќе ви поминуваат низ телото додека ја гледате неговата морничава појава и неговото бесчувствително лице. Мрачен лик кој едноставно ќе ве „јаде“ однатре. Ова е серија која го заслужува вашето внимание. Бон апети!


 

Ханибал (Hannibal)ТВ серијата „Ханибал“, во продукција на телевизиската куќа „NBC“, е базирана на новелата „Red Dragon“ (Црвениот змеј) напишана од Томас Харис. Бидете спремни на возбудлива и „вкусна“ приказна, за која креаторот Брајан Фулер се погрижил повеќето гледачи да ја јадат со сласт.Ханибал (Hannibal)Приказна: Дејството во серијата се фокусира на триото Вил Грем, специјален агент на ФБИ кој ја има способноста да се стави во кожата на сериски убиец, да му ѕирне во умот и да го види злосторството низ неговите очи, авторитетниот ФБИ агент Џек Крафорт и брилијантниот психијатар Ханибал Лектор. Во приказната Лектор е повикан за да му помогне на Вил во справувањето со психопатите, а тој постојано седи отспротива со најголемиот психопат со темна и болна тајна, дискутирајќи за своите мрачни чувства и нестабилната ментална состојба. Лектор тоа умешно ќе знае да го користи…Ханибал (Hannibal) Ханибал (Hannibal) Ханибал (Hannibal)Серијата е постојано пропратена со одличен саундтрак кој максимално и ефектно ја надополнува. Првата сезона е предвидена да има 13 епизоди, а и во втората се најавени исто толку.Ханибал (Hannibal)Интересeн факт: Сите епизоди од првата сезона се насловени со француски збор за некое јадење.Ханибал (Hannibal)Кога да ја гледате: Епизодите траат долго, но се многу заразни. Како и да е, досега се излезени 11, па доколку им се запнете можете да ги изгледате во еден здив. Препорачливо е да ги гледате ноќно време, за да го подобрите доживувањето, но постои ризик во сон да вечерате човечки орган. 🙂Ханибал (Hannibal)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар