Црниот лебед (Black Swan)

Надреален психолошки трилер за патолошката борба сам со себе и со останатите за професионален успех, за подготвеноста да се направи сé за целта… за тоа како на почетокот една (само) невротична личност под притисок се трансформира во „црниот лебед”.

Црниот лебед (Black Swan)Режија: Дарен Аронофски

Играат: Натали Портман, Мила Кунис, Винсент Касел, Барбара Херши, Винона Рајдер

Времетраење: 108 минути

Јазик: англиски

Премиера: 17 декември 2010

Жанр: драма, трилер

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 9/10

____________________________________________________________________________________________
Режисерот Дарен Аронофски е дефинитивно уметник. Темен, изопачен уметник. Едгар Алан По во филмскиот свет. Оди на тенката линија помеѓу лудилото и генијалноста и секогаш ја извлекува подобрата карта – генијалноста. Во неговите филмови таман кога ќе помислите дека претерал, ќе ве предомисли, таман кога ќе помислите дека ќе се лизне, ќе успее да избалансира. Во „Црниот лебед”, Аронофски ни ја портретира суровата страна на можеби една од најнежните и најрафинираните професии, балетот. Раскрварени прсти, психолошки малтретирања, страв од нож во грб, за на крај пред нашите очи да излезе едно „Лебедово езеро”. Без пардон приказ на неприродната борба за успех и за тоа кога е време да се каже стоп. Аронофски во овој филм не го интересира толку она што се случува меѓу луѓето туку внатрешните лични (добро наспроти лошо) дуели на амбициозната балерина, Нина.
____________________________________________________________________________________________
.

Приказна: Нина (Натали Портман) е балерина во една њујоршка балетска компанија и во текот на целата кариера е „девојката од задните редови”. Живее под претерана, дури перверзна заштита на нејзината мајка Ерика (Барбара Херши) која исто така е нереализирана балерина. Нина е совршена во секој поглед, покорна ќерка која и дозволува на мајка ѝ да ја контролира за сè, а од друга страна балерина која е нежна, кршлива и технички најпрецизна танчарка. Но во нејзе нема емоција, страст, речиси како да е киборг, кој знае што треба, а не што сака.Црниот лебед (Black Swan)Сето тоа се менува откако продуцентот Томас (Винсент Касел) ќе одлучи да ја постави „Лебедовото езеро” каде една балерина треба да ги игра и белиот и црниот лебед. Нина отсекогаш во себе го имала белиот, но Томас го гледа во неа и изопачениот црн лебед и ѝ дава шанса да дебитира за да стане новата голема ѕвезда на компанијата. Таа пополека се бори со сопствените и бариерите поставени од другите и пополека го открива својот „црн лебед”. Во сето тоа, Нина се губи и станува длабоко психолошки растревожена личност. Еден од најголемите противници на младата балерина на тој пат на себепронаоѓање е Лили (Мила Кунис) која е сé што не е Нина – страсна, самосвесна, слободна. Црниот лебед (Black Swan)„Црниот лебед” е толку комплексен, вознемирувачки и нежен токму поради играта на главните актери. Особено трите главни женски улоги Портман, Херши и Кунис. Сите се толку различни, но толку јасно обликувани ликови што просто е невозможно на гледачот да му остане некоја емоција или некоја реакција нејасна.Црниот лебед (Black Swan)Кинематографија: Одличен темен приказ на њујоршкиот балетски натпреварувачки свет. Најголем дел од дејствијата се одвиваат ноќе па се чини како денската светлина за овој растревожен филм да е непотребна. Се користат и специјални ефекти (но умерено) кои сосема солидно ја надополнуваат приказната. Да, филмот би преживеал и без нив, но визијата на Аронофски е таква. Интересен момент кој го надополнува филмското лудило се сцените со рефлексијата на одразот на Нина во огледалата – таа слика ја одразува нејзината вистинита извртена душевна состојба наспроти прибраниот лик во реалноста. Музиката за „Црниот лебед” ја направи Клинт Мансел кој работи на музиката на секој филм на Аронофски (аналогно на тоа и на феноменалниот саундтрак од „Реквием за еден сон”),така што ќе уживате во одлични музички парчиња.Црниот лебед (Black Swan)Кога и како да го гледате: „Црниот лебед” е филм за во кино, лудилото така подобро се чувствува. Пожелно е да се гледа на крај на денот, како што во филмот недостасува сончева светлина, пожелно е така да биде и додека го гледате. Дали ќе го проследите сами или во друштво е комплетно ваш избор. „Црниот лебед” е психолошки трилер кој ќе ве размрда, но повеќе во насока на разговор, а не толку што ќе ве остави без сон или долго време вознемирени.Црниот лебед (Black Swan)
За авторот

Поврзани содржини

  1. HRISTINA Reply

    ODLI4EN E , SE NADEVAM DEKA KE DOBIE NEKAKVA NAGRADA :)

  2. xxsxx Reply

    e bash mi beshe fail filmot…

  3. Eci Reply

    Ufff filmot e sovrsen!!!

  4. ema Reply

    filmot e blago kazano katastrofa…taa, americko-blago pornografska predvidliva estetika mnogu odamna ne vozbuduva.Mnogu go cekav filmot ama za zal ne e toa za ocena 9-ka.

  5. HRISTINA Reply

    Filmot nosi odli4ni poraki (ako se razmisli podobro )! Genijalen e !

  6. Sanja Reply

    Mislam deka mi se dopadna bidejki go gledav vo kino i so site efekti i momenti koe golemoto platno gi dava, da. No, mislam deka na TV ne bi mi ostavil takov vpecatok iako ima odlicni filmski kritiki, sepak…

Остави коментар