Познатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан

Познатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан

Кога одиме во ресторан, сакаме да си поминеме убаво и да се почестиме со вкусна, квалитетна и тазе подготвена храна. За жал, честопати не знаеме што се случува во кујните, па така нашата совршена вечера може лесно да се претвори во голема катастрофа. Познатите готвачи откриваат кои јадења не треба да ги нарачувате кога сте во ресторан…

Познатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан

1. Добро зготвен стек

Познатиот готвач Ентони Бордејн од Америка открива дека работниците во рестораните имаат две опции кога ќе налетаат на стврднато парче месо кое изгледа како да му поминал рокот: Да го фрлат или да го послужат како добро зготвен стек!

Познатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан

2. Суши од лосос

Имаме лоши вести за љубителите на суши од лосос. Готвачот Хенк Скремптон смета дека треба да го одбегнувате сушито ако е направено од свежи парчиња лосос. Тоа е така затоа што ваквите јадења претставуваат одлична средина за развој на паразити. Но, нема потреба од преголема паника: Процесите на замрзнување риба со сигурност ги убиваат штетните микроорганизми. Готвачот открива дека речиси сите видови риба што се користат за правење суши поминуваат низ такви процеси, а тоа е добро. Сепак, ако се двоумите, најдобро е да го прашате келнерот дали лососот во јадењето е свеж или замрзнат.

Познатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан

3. Вегетаријански јадења

Готвачите од Америка пополниле анонимен прашалник спроведен од страна на Food Network Magazine и 15% од испитаниците признале дека вегетаријанските јадења во рестораните не ги содржат сите состојки што се наведени во менито. Ако сте пребирливи вегетаријанци и постојано ги потсетувате вработените во ресторанот на вашите принципи, најдобро би било да внимавате. Некои готвачи можеби ќе се обидат да ви се одмаздат со тоа што ќе додадат неколку парчиња туна или сланина во вашата салата. Експертот за готвење Ентони Бордејн признал дека вегетаријанците и веганите се многу напорни за секој готвач.

Познатите готвачи советуваат: Ова се 8-те јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан

Продолжете на следната страница за да дознаете кои се останатите јадења што не треба да ги нарачувате во ресторан…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар