10-те застрашувачки тајни на Дубаи: Гламурот, парите и убавината на овој град се само маска!

10-те застрашувачки тајни на Дубаи: Гламурот, парите и убавината на овој град се само маска!

Голем број луѓе ќе ви кажат дека Дубаи е највозбудливиот град во светот – со сите тие луксузни облакодери, тони злато, скапоцени автомобили, бајковити ресторани и луди ноќни клубови. Но, тоа е слика која им се сервира на туристите кои пијат коктели покрај базените пред да заминат во тоалетите украсени со злато. Како и секој друг голем град, така и Дубаи има своја исклучителна мрачна страна, а некои од овие тајни се непознати за јавноста.

1-glamurot-parite-i-ubavinata-na-ovoj-grad-se-samo-maska-dubai-krie-10-zastrashuvachki-tajni-www.kafepauza.mk_

1. Работниците работат по 14 часа дневно на горештина од 40 степени Целзиусови

Дубаи се развива со неверојатна брзина, а додека ја читате оваа статија, градот најверојатно додал барем уште една градба или сообраќајница на својата територија. Моќните луѓе може да ги имаат сите пари на овој свет, но сѐ уште им е потребна старата и „обична“ работна сила за да градат и да создаваат со голема брзина. Она во кое се крие проблемот е тоа што богаташите мислат дека работната сила не би требало да ја третираат како останатите граѓани, па поголемиот дел од нив живеат во ужасни услови и се изложуваат на опасност секојдневно.

На пример, владата им советува на туристите никогаш да не се изложуваат на директно сонце подолго од 5 минути доколку температурата минува над 40 степени, додека истовремено физичките работници работат и по 14 часа во тие услови. Секако дека тоа предизвикува здравствени проблеми, несреќи, па и смртни случаи, но тоа успешно се сокрива.

2. Затвор поради бакнување во јавност

Поголемиот дел од луѓето во Дубаи се муслимани, што значи дека правилата, а особено кога станува збор за интимноста, строго се спроведуваат. Сите супер фотографии на Инстаграм лесно може да ги залажат луѓето покажувајќи го Дубаи како либерално место, но тоа е најголемата грешка која еден човек може да ја направи пред да ја посети оваа земја.

Не само што е забрането бакнувањето, туку е и илегално да се држите за раце во јавност, а туристите кои ги кршат правилата плаќаат огромни казни. Доколку одлучат да се побунат, дури им се заканува и затвор. Воопшто не е потребно да се истакнува дека сексуалните односи пред бракот се забранети во Обединетите Арапски Емирати, па и таквото однесување е голем ризик.

3. Трговија со луѓе

Иако се законите строги кога е во прашање алкохолот, дрогата и сексот, правилата не важат секогаш. Девојката може да се најде во неволја само ако чекори по улица со непокриени раце, но кога ќе падне ноќ сето тоа се менува. Најстарата професија на светот цвета во Дубаи – постојат повеќе од 30.000 проститутки кои отворено ја покажуваат својата кожа и наплаќаат по 500 долари за еден час. Но, тоа не е главниот проблем.

Најголемиот проблем е тоа што претпримачите и моќните луѓе ја подржуваат проституцијата и заработуваат на тоа, а белите робови се валкана јавна тајна на Дубаи бидејќи и полицијата затвора очи за неа. Па така, ако сте жена и стоите сами навечер во бар, поголемиот дел ќе помислат дека продавате сексуални услуги, па не треба да ве чуди доколку ви пријде некој бизнисмен.

2-glamurot-parite-i-ubavinata-na-ovoj-grad-se-samo-maska-dubai-krie-10-zastrashuvachki-tajni-www.kafepauza.mk_

4. Фрлање огромна количина вода за пиење

Бидејќи е лоциран во пустина, Дубаи мора да увезува вода. Сѐ додека парите таму растат на дрво, расфрлањето со водата за пиење не се гледа како проблем. На пример, постојат голем број голф игралишта за чие одржување се трошат околу 4 милиони галони вода на ден, само за тревата да остане зелена.

Додека остатокот од светот е свртен кон огромните недостатоци на вода за пиење и навистина постојат луѓе кои умираат од жед, за тоа не се грижат во Дубаи, сѐ додека можат на мир да играат голф. Толку игнорирање, замисленост и тежина совршено ја опишуваат таа страна на Дубаи.

5. Кога ќе исчезне нафтата, сѐ ќе пропадне

Не е тешко да изградите рај сред ништо сѐ додека обилувате со „црно злато“. Сите знаат дека Средниот Исток значајно зависи од нафта и дека тоа им е единствената надеж за господарството. Но, изгледа овие луѓе не сфаќаат дека ништо не трае вечно, а прогнозите откриваат дека нафтата најверојатно ќе исчезне за некои 20-тина години.

Тогаш, или нема да ја има доволно или цената ќе биде толку висока што луѓето ќе се префрлат на други извори на енергија. А што ќе се случи потоа со Дубаи? Најверојатно е дека нивниот златен меур ќе експлодира, а скапите трошоци за одржување ќе се зголемат.

6. Луд расизам

Во 21-ви век, поголемиот дел од светот не го прифаќа расизмот како норма. Сепак, човечкиот род е подготвен да прави исклучоци, па никому не му е грижа што расизмот е движечка сила во Дубаи. Градот е брутално место со диви правила, каде што човекот вреди само толку колку што му вреди пасошот. На пример, за иста работа во иста компанија, Европејците и Американците добиваат дупло поголема плата од колегите кои доаѓаат од земјите на таканаречениот трет свет.

7. Ги претвораат работниците во робови и им ги одземаат пасошите

Колку подлабоко се копа, толку повеќе излегуваат мрачни приказни и злосторства. Па така, Дубаи е место каде што ропството е сѐ уште присутно. Секако, формално сѐ е легално, но во пракса луѓето од земјите како Индија, Пакистан и Кина се присилуваат да работат прекувремено за скоро никакви пари.

Освен тоа, многу од тие несреќници не можат да го напушат Дубаи, бидејќи владата или компаниите после доаѓањето им ги одземаат пасошите. Тоа не е сценариот од филм, туку сурова реалност на луѓето кои имигрирале таму со надеж за подобар живот, но наскоро откриле дека дошле во пеколот. Станува збор за ужасни услови за помалку од 100 евра месечно, со ужасно сместување.

3-glamurot-parite-i-ubavinata-na-ovoj-grad-se-samo-maska-dubai-krie-10-zastrashuvachki-tajni-www.kafepauza.mk_

8. Отворено уништување на околината

Со помош на робовската работна сила, Дубаи забрзано се развива, а секој ден се појавуваат нови комплекси. Инвеститорите не сакаат да чекаат за нив, а со секое градилиште доѓа голема количина ѓубре, канализација и хемиски отпад. Системите за заштита не може да го следат темпото на равој, па фабриките својот отпад го фрлаат на некое друго место. Тоа обично е морето.

9. Дивите животни таму не се диви

Богаташите во Дубаи имаат толку многу пари што повеќе не знаат на што да ги трошат. Некои купуваат златни автомобили, други пливаат во млеко, но најновиот тренд е да се набави егзотично и диво животно како домашно милениче. Шеиците повеќе не се задоволни од кучињата и мачките, туку со задоволство купуваат тигри, пантери, лавови и слично. Притоа плаќаат тренери и дресери кои ги злоупотребуваат животните за да ги цивилизираат, но и за тие да бидат сигурни.

10. Слободата на говорот е мит, а земјата диктира

Ако јавно се изнесе мислење со кое не се согласуваат моќните луѓе, се добива повик од таканаречената тајна полиција на Дубаи. Доста дискретно, тие даваат два избора – да се или да се изгуби сѐ. Освен тоа, дури 80% од населението се доселеници, а законот е толку комплициран што не може да се стане граѓанин без многу пари и трпение, без разлика дали живеете таму 10 или 50 години. Ако странецот прозбори нешто лошо, едноставно го депортираат.

Прочитајте ги и овие 15 неверојатни факти за Дубаи!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. , Reply

    Ај малку посветете внимание на преводот. Кај нас не постои збор „господарство“, туку „стопанство“.

    • Моника Трајковска Reply

      Не се согласуваме. „Господарство“ е македонски збор, проверете и самите во Дигиталниот речник на македонскиот јазик: http://www.makedonski.info/show/господарство/ср

  2. Лаки Бонд Reply

    Кој и да го напишал ова, или живее во некој свој свет и никогаш не бил во Дубаи, или пак се обидел, ама не успеал, па сега е како лисицата со киселото грозје. Прво, Дубаи нема нафта, точка. Дубаи е град на бизнисот и сите светски банки, корпорации и компании се присутни, па затоа има странски инвестиции и висок животен стандард. Второ, и во Дубаи, како и насекаде, живеат луѓе со разноразни верувања и убедувања, па е нормално да има од се помалку што може да се најде во секоја светска метропола. Сите се слободни да прават што сакаат, само треба да почитуваат одредени правила за елементарна пристојност. А техничката вода, која може и да се пие иако сите купуваат вода за пиење, е нус-производ од морската вода при производството на алуминиум кое овде е изразено, па без проблем моѓе да се користи за фонтаните, голф-терените и наводнување воопшто. А НИШТО не се фрла во морето, како секаде на Јадран, на пример, и нема канализација, туку отпадот се носи со камиони во специјално направено построение за да се изгори и да се произведе струја. Околината била песок, а сега е зеленило, па ако е тоа уништување, тогаш точно е. За еден млад новинар, не е добро да се пласираат невистини и квази-факти истресени од ракав. Има доста Македонци тука, па претходна консултација не би била на одмет пред да изнапишете еден куп невистини.

Остави коментар