12 работи кои вашите очи ви ги кажуваат за здравјето

Одвреме-навреме секој од нас искусува непријатно чувство во очите. За повеќето од нас, квалитетен сон и одмор се доволни за да го средат проблемот, но постојат работи кои не треба да игнорирате. Погледнете ги 12-те симптоми кои ви кажуваат дека е време да го посетите вашиот доктор.

1. Бели точки во рожницата

(1) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Ова е честа појава кај луѓето кои носат контактни леќи и може да биде знак за инфекција на рожницата. Дури и најмалите повреди на окото предизвикани од леќите можат да доведат до инфекција па дури и до чир на рожницата. Луѓето кои носат леќи со поминат рок на траење се особено изложени на ризик.

2. Бел круг околу ирисот

(2) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Најчесто ова е знак на стареење, па не треба да биде причина за грижење. Но, доколку сте далеку од пензија, белиот круг околу ирисот може да укажува на висок холестерол и масти во крвта, што многу често значи и ризик од срцев или мозочен удар.

3. Црвени очи

(3) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Црвенилото на очите може да се појави како резултат на недоволен сон, продолжена работа или изложување на сонце или на ветар. Ако очите ви се црвени без некоја причина, тоа може да означува глаукома, дијабетес или висок интракранијален притисок.

4. Суви очи

(4) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Сувоста на очите предизвикува неудобност и чешање, а чешањето на окото ја оштетува нежната кожа околу него. Ова води до спуштање на капаците и појава на брчки, и го зголемува влијанието на воздухот со што ги прави очите уште посуви. Најчеста причина за ова се сезонските алергии. Ако сувоста е придружена со зголемена чувствителност на светлина, ова може да е знак за Шегренов синдром, ретко нарушување на имунолошкиот систем.

5. Безбојни „прашинки“ пред очите

(5) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Најчесто се видливи кога во позадина има чисто небо, снег или добро осветлен бел ѕид. Одвреме-навреме секој од нас ги гледа, но ако ги гледате сè почесто, треба да се загрижите: Ова може да биде знак на рана или одлепување на мрежницата.

6. Потечени црвени очи

(6) 12-raboti-koi-vashite-ochi-vi-gi-kazhuvaat-za-zdravjeto-www.kafepauza.mk

Ова е последица на замор и недостаток на сон и многу често грешно се смета за знак за инфекција. Ваков симптом може да се појави и кај љубителите на капки за очи. Нивната долготрајна употреба може повеќе да ви наштети отколку да ви помогне.

Преминете на следната страница за останатите здравствени состојби што би ги откриваат вашите очи…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар