Одговорете ги овие 7 прашања и дознајте дали сте зависни од љубовта

Одговорете ги овие 7 прашања и дознајте дали сте зависни од љубовта

Зависноста од љубовните врски е како прикриена епидемија. Можеби сте зависници од љубовта и врските без да бидете свесни за тоа. Ако некогаш не сте биле задоволни од врската, но не сте прекинале бидејќи не сте сакале да бидете сингл, време е да признаете дека сте зависни од љубовта.

Одговорете ги овие 7 прашања и дознајте дали сте зависни од љубовта

Доколку сте во врска моментално, размислете зошто е тоа така. Дали сте во врска поради неверојатната хемија? Дали сте во врска за да не бидете сами? Дали би сакале да имате врска која ќе ве поттикне да бидете најдобрата верзија од себе и која ќе ви ја даде потребната сигурност за да можете да ја покажете вашата ранливост и да почнете да созревате?

Поголемиот дел од луѓето, кога бараат вистинска љубов, забораваат да си постават неколку основни прашања. Мислиме дека сѐ треба да ни дојде природно, доколку сме навистина вљубени. Ако и вие верувате во ова, имаме лоши вести: Иако можеби мислите дека сте ја нашле сродната душа, тоа не значи дека таа личност е вистинската за вас. Обидете се да ги одговорите следниве прашања за да ја дознаете вистината:

1. Дали постојано раскинувате и се смирувате со вашиот љубовен партнер?

2. Дали честопати помислувате дека оваа личност не е вистинската за вас?

3. Дали некој од блиските пријатели ви кажал дека вашиот партнер не ви одговара?

4. Дали откако сте биле разделени неколку дена се чувствувате празно и изгубено без партнерот?

5. Дали првите неколку дена по раскинувањето со партнерот не можете да спиете, јадете и да се грижите за себе?

6. Дали ви треба емоционален интензитет за да се чувствувате живи?

7. Дали се чувствувате како во транс откако ќе се смирите со партнерот по жестоката караница?

Ако одговоривте потврдно на повеќе од две прашања, треба сериозно да размислите за вашиот љубовен живот. На пример, доколку имате потреба од постојан емоционален интензитет, веројатно на тој начин се обидувате да одбегнете нешто. Дали одбегнувате да се чувствувате обично? Дали сакате да се чувствувате посебно како надоместок за подлабокото чувство на несигурност? Можете ли да го пронајдете изворот на вашата несигурност? Од што точно се плашите? Дали се плашите од осаменост и одбивање? Ако одвреме-навреме ви се јавува ваков страв, дали веднаш помислувате некоја важна личност од минатото која ве напуштила? Доколку можете свесно и намерно да го почувствувате овој страв, тоа е првиот чекор кон неговото надминување.

Одговорете ги овие 7 прашања и дознајте дали сте зависни од љубовта

Треба да научите како самите да ги предизвикувате овие болни чувства, бидејќи така тие ќе бидат под ваша контрола и ќе можете полесно да се справите со нив. Не треба несвесно да барате партнер кој ќе ве натера да ги почувствувате негативните емоции.

Доколку се чувствувате празно без вашиот партнер или постојано се грижите за врската, најверојатно се плашите од можноста да останете сами и да бидете напуштени. Доколку ова е вашиот проблем, треба да си дозволите да се чувствувате осамени одвреме-навреме и покрај тоа што сте во врска. Правете го ова свесно и намерно со цел да се соочите со болката и да сфатите дека нормално е да чувствувате страв од загуба кога сакате некого.

Љубовните врски почнуваат да се распаѓаат кога се обидуваме да ги игнорираме стравовите и емоционалната непријатност што се јавува за време на првите несогласувања и караници. Кога не можеме да се справиме со емоционалната непријатност и сакаме да биде само по наше, тогаш врската ја губи нејзината стабилност и нѐ принудува да ги почувствуваме скриените стравови и несигурности до тој степен што почнуваме да ги преувеличуваме и драматизираме.

Можете да имате сѐ во љубовта. Можете да имате и силна сексуална привлечност и стабилна љубов. Не мора да одбирате помеѓу страсната љубов и меѓусебната соработка. Но, за да го постигнете ова, треба да станете свесни доколку нешто не е во ред со вашата врска и треба да се соочите со она што упорно се обидувате да го одбегнете, а тоа е „нормалната непријатност во врската“.

Не е забавно да се справувате со несогласувањата во врската, но доколку почнете да ги одбегнувате, само ќе си предизвикате непотребно страдање, односно непотребни драми во врската. Отворено разговарајте со партнерот за она што ве мачи и не донесувајте импулсивни одлуки, бидејќи во спротивно може да создадете уште поголеми проблеми по кои нема враќање назад.

Доколку се сомневате дека нешто не е во ред со вашиот љубовен живот, прочитајте ги овие 9 грешки кои жените ги прават во љубовните врски.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар