Бик и близнаци – пријателска комбинација

Бикот е тивок и практичен, а близнакот е весел и оригинален. Бикот ги обожува секојдневни рутини, додека близнакот е секогаш спремен за промени. Биковите секогаш се водат по поуката дека секој зачуван денар е заработен денар, додека неговиот другар близнакот има проблем да ги чува парите во својот џеб. Дали има надеж за ова пријателство? Бик и близнаци - пријателска комбинацијаСекако! Бикот ја обожава духовитоста на близнакот, додека тој секогаш го цени добриот и практичен совет од бикот.

Бикот секогаш може да му се обрати на близнакот кога треба да се пробие низ непознатото, но не знае како. Од друга страна близнакот секогаш може да ја искористи помошта од бикот за средување на сметките и даноците, како и за кратки и едноставни рецепти за подготвување вечера.

Неможноста на близнакот да седи мирен и фокусиран, секогаш ќе го излудува бикот, додека тој ќе му се качува на глава на близнакот со својата колебливост. Бикот внесува чувство на стабилност во животот на близнаците. Најчесто, близнакот копнее за некаква промена, но тој мора да признае дека има нешто удобно во тоа, секогаш да се има пријател бик крај себе. Бикот секогаш може да му се најде на близнакот за поддршка и да му послужи како рамо за плачење во тешките моменти. Бикот знае да биде многу колеблив кога станува збор за пробување на некои нови работи. Од друга страна, близнакот знае да биде многу непостојан. Доколку успеат да си ги игнорираат своите недостатоци, овој однос може навистина да прерасне во прекрасна пријателска врска.

Двата знака имаат сличен интерес за спортови како што се кошарката, фудбалот или ракометот. Доколку ниту едниот од двата знака не е спортски дух, тогаш тие можат да се забавуваат одејќи заедно на музички концерти. Моделарството може да биде забавна активност за овие два знака, бидејќи близнакот обожава да ги бара сите ситни делчиња, а бикот ужива во процесот на градење. Исто така овие пријатели можат заедно да уживаат и во активности како плетење и изработка на глинени предмети.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Jas Reply

    Rak i bliznaci??

Остави коментар