Астролошки профил на родените во знакот риби

Астролошки профил на родените во знакот риби

(19 февруари – 20 март)

Астролошки профил на родените во знакот рибиИнтуитивни, спиритуални и секогаш со блажена насмевка, рибите имаат позитивни карактеристики кои сите ги обожаваат. Тие се одлични пријатели, полни со разбирање, а благодарение на нивните одлични артистички таленти се интересни љубовни партнери, кои секогаш ќе имаат што да ви кажат. Повеќето луѓе родени во знакот на риби, имаат вроден креативен набој. Тие имаат уметничка душа и нивната потреба да создадат нешто убаво е многу силна.

Големи сонувачи

Рибите го гледаат светот низ „розови очила“ и оваа нивна перспектива се одразува на сите нивни зборови и дела. Тие живеат во некој свој совршен свет, дури и кога се целосно свесни за лошата страна на човештвото. Во нивниот свет сè е добро и прекрасно. Тие имаат јака меморија и тенденција да ги запаметат најситните детали. Позитивниот пристап кои тие го имаат кон животот, делува оптимистички на сите во нивна близина.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите не ги интересираат материјални работи и немаат тенденција да „трчаат“ по пари. Не дека тие имаат нешто против богатството, но едноставно се свесни дека тоа е променлива состојба. Рибите не се плашат од тоа што им го носи иднината. Како што е прикажано на нивниот хороскопски симбол, две риби кои пливаат во спротивен правец, тие или се движат каде што ги води патот или се борат против она што не им се допаѓа. Само доколку ја изберат втората опција, рибите ќе бидат вистински среќни и комплетно исполнети. Ако успеат да го сфатат тоа, тие ќе го достигнат највисокото скалило на успехот.
.

Спокојни и стабилни

Една од основните карактеристики на овој хороскопски знак е неговата успокојувачка стабилност. Дури и во најлошите бурни ситуации, рибата никогаш не паничи и воспоставува баланс и мир кај сите околу неа. Рибите се последниот знак во зодијакот благодарение на што во нив има мешавина од квалитетите на останатите знаци. Поради оваа нивна сложеност, навистина е тешко целосно да го разберете овој знак.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите имаат одлични организациски способности и обрнуваат внимание на детали како девицата, имаат здрав и рационален суд како вагата, сочувствуваат со другите луѓе и имаат променливо расположение како ракот, искрени се и љубезни како стрелецот, ги сакаат луѓето и вниманието свртено кон нив како лавот и се аналитични како водолијата. Истовремено се многу комуникативни како близнаците, пасивни и тврдоглави како бикот, можат да ги дознаат вашите најдлабоки тајни како скорпијата, одговорни се и принципиелни како јарците и се оптимистични, невини и големи ентузијасти како овенот.
.

Многу дарежливи

Рибите се големи алтруисти кои сакаат да го направат светот подобро место за живеење. Тие се дарежливи и сакаат да помогнат секаде каде што можат. Ако побарате од нив, тие буквално би ја соблекле маицата од нивниот грб за да ви ја дадат вам. Рибите умеат да допрат до срцата на другите луѓе и уживаат помагајќи им да го остварат нивниот потенцијал во целост. Вродената сензибилност која ја имаат рибите, ги прави личности кои имаат огромно разбирање за чувствата на другите. Како и да е, рибите мораат да внимаваат нивната добродушност и дарежливост да не биде злоупотребена.
.

Спиритуални и интуитивни

Рибите се духовно богати личности, но тоа не мора да значи дека тие се приврзаници на некоја религија, иако и тоа може да биде случај. Поконкретно кажано, тие едноставно „чувствуваат“ дека постои некаков ред во универзумот и дека имаат длабока конекција со семоќниот.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите имаат одлична интуиција, па ако некој припадник на овој хороскопски знак ви каже да не излегувате некој ден од дома, подобро послушајте ги. Нивното „шесто сетило“ им овозможува да имаат јасна визија за чувствата на другите луѓе.
.

Хуморот како маска

Рибите имаат тенденција кон расправање, кога знаат да даваат многу саркастични коментари и да „боцкаат со нивното остро јазиче“. Најдобриот момент е што и покрај тоа што нивната лутина трае долго, кога ќе им помине повторно стануваат свои, како ништо да не се случило. Рибата ја обожава природата, уметноста од секаков вид и е многу амбициозна. Таа сака да им помага на луѓето кои имаат некаков проблем, притоа трошејќи голем дел од својата енергија. Наспроти тоа, другите луѓе никогаш не можат да „прочитаат“ кога на рибата и се повредени чувствата. Таа ги крие нејзините најдлабоки емоции зад нејзината смисла за хумор. Хуморот може да биде нежен и невин или ладен и безмилосен. Како и да е, хуморот на рибата најчесто претставува маска зад која се крие некоја друга нејзина емоција.Астролошки профил на родените во знакот риби

Интроспективни

Овој знак е екстремно интроспективен, односно ја испитува и ја набљудува сопствената внатрешност. Таа нивна моќна карактеристика, кога се користи во позитивна смисла може да создаде една страсна и артистична индивидуа, со голема интуиција и сочувственост за другите, благодарение на што можат да бидат големи хуманитарци. За жал оваа страна на рибите е честопати негативно засенета од нивните депресивни чувства. Овој нивни песимистички аспект е резултат на нивната променлива природа, која ги прави нестабилни личности.Астролошки профил на родените во знакот рибиКога не користат самоанализа за запознавање на себеси од интелектуален аспект, може да доведе до некои негативни опсесии кај нив. Како нестабилна индивидуа, ваквото однесување може да предизвика разни зависности и невротичност. Во позитивна смисла, рибите најчесто имаат тенденција интроспективноста да ја насочат кон продлабочување на нивните уметнички способности кои ги поседуваат од самото раѓање. Гледано пошироко, потребата да бидат зависни од нешто, кај рибите може да биде и здрава, како на пример потребата за често смеење или спортување. Во секој случај, на рибите им е потребна умереност и баланс за да се чувствуваат стабилно.
.

Артистични

Фактори кои создаваат непријатно опкружување за рибата, можат негативно да се одразат на нејзината личност, особено ако тие се присутни од најмала возраст. Но, ако рибата е израсната во пријатна и стабилна околина, таа ќе може да ја развива нејзината креативност и да има пообјективна визија благодарение на која ќе може да создава уметност со голема тежина.
.

Сексуалноста на рибите

Длабоката спиритуална енергија на рибите, во голем дел е изразена во нивната сексуалност. Овој знак има желба да го идеализира својот љубовен партнер. Припадниците на овој хороскопски знак сакаат да се пожртвуваат себеси со цел да го усреќат својот партнер. Но, оние кои се во љубовна врска со риби мораат да бидат внимателно со овој дел од нивниот карактер. Дури и ако сте авантуристи во сексот и не ви смета да бидете „доминирани“, потсетете се дека една здрава сексуална врска треба да биде базирана на меѓусебна почит.Астролошки профил на родените во знакот рибиРибите ја обожаваат музиката, уметноста, глумата и сè што вклучува креативност. Ова е една од причините зошто рибите се и сексуално креативни битија, кои сакаат акција во креветот. Овој аспект на нивната сексуалност лесно може да биде изразен преку „одигрување улоги“ и други сексуални игри. За да го одржи овој аспект позитивен, рибата треба да се обиде да се поврзе со партнер кој има уметничка душа, но истовремено е и здрав за неа.
.

  • Идеални професии за риби: актери, сликари, скулптори, танчери, доктори, поети, писатели, фотографи, психијатари, пејачи, ветеринари
  • Рибите најмногу си одговараат со: бик, рак, скорпија, јарец.
  • Омилени бои: сина, зелена, виолетова, бела
  • Животно мото: „Можам да замислам како се чувствуваш“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Sash Reply

    sve e tocno BRAVOOO

  2. K Reply

    Ako moze riba- rak, blagodaram

    • Vlatce Reply

      Odlicna kombinacija. Sovrsen par. Beskrajno se sakaat megusebno vo ljubovna vrska i sekoja kavga zavrsuva so mir vo krevet. Ribata e onaa koja go zamisluva nivniot svet, a rakot toa go idealizira.

  3. V Reply

    moze ribi-lav:)

  4. M Reply

    moze riba-bik 🙂

  5. marinela lazovska Reply

    pa iskreno ko da mi go opisuvavte karakterot

  6. lidija Reply

    sakam da mi kazete nesto za ribi-devica, kombinacija….ve molam…!!!

    • Vlatce Reply

      Odlicno komuniciraat, slicni se po karakter samo devicata cesto znae da ja balansira ribata ( da ne leta visoko). Se pocituvaat i sekogash se tuka megusebno.

  7. ane Reply

    moze li za devica- ribi..vi blagodaram

  8. dani Reply

    ве молам, ако може риби-лав, благодарам

  9. Ivana Reply

    Tocno kazano!…Jas sum tipicen prestavnik na znakot Ribi ( 90% od kazanovo se odnesuva i na mene)

  10. joseska todorka Reply

    ako mozi za ribi i skorpija odnapred vi blagodaram

  11. meri Reply

    a ribi i strelec?

  12. male4kooo Reply

    se e tocnoo

  13. Vesa Reply

    ribi i vodolija

  14. jorgovan Reply

    se sto e napisano e bas TAKA

  15. таа Reply

    па и со водолии се одговараат, ама пријателски повеќе.
    инаку секој напишан збор е точен !! 🙂

  16. vesna Reply

    ve molam ako moze Riba- Riba kombinacija ,,,,,blagodaram

  17. vesna Reply

    prekrasno i vistinito kazano …..

  18. даријан Reply

    браво

  19. Slavce Reply

    Ribi i vodolija dali si odgovaraat karakterno

Остави коментар