Астролошки профил на родените во знакот водолија

(20 јануари – 18 февруари)

Астролошки профил на родените во знакот водолијаВодолиите се најсимпатичниот, најљубезниот и најпретставителниот знак во зодијакот. Тие се внимателни, нежни, страсни и пријателски настроени. Повеќето припадници на овој знак се многу независни и имаат страшно оригинални идеи и замисли. Може да имаат проблем во љубовните врски, како резултат на некои нивни негативни карактеристики, како непредвидливост и тврдоглавост, но во суштина тие се истрајни во љубовта и може да се очекува да бидат посветени партнери.

Независни

Водолиите размислуваат за она што е најдобро за нив. Тие се секогаш желни и заинтересирани да научат нови работи. Не се двоумат за тоа кој пат треба да го изберат во животот и дали оваа или онаа љубовна врска е вистинскиот избор за нив, туку веруваат дека сите нешта треба да се случуваат по својот природен тек. И покрај тоа што припадниците на овој знак се многу добродушни и срдечни, може да станат многу вознемирени и лути ако некој им ја „загрози“ нивната независност и слобода.

Астролошки профил на родените во знакот водолија

Ниту женските, ниту машките водолии не сакаат да се чувствуваат ограничено или придушено во љубовните врски. Ним им е потребен простор и доволно слободно време, во кое ќе имаат можност активно да го живеат животот како индивидуи, а притоа истовремено останувајќи лојални кон својот љубовен партнер.

Сложни и пријатни

Водолијата е најчесто безгрижна и релаксирана, па поради тоа успева да оформи цврсти пријателства. Таа ретко кога се чувствува под стрес, па затоа ужива да запознава разни луѓе и да живее здрав и квалитетен социјален живот. Независни и оригинални во нивниот поглед кон животот, водолиите се и навистина драгоцени, ценети и корисни работници. Тие умеат добро да соработуваат со колегите кога работат некоја тимска работа и се срдечни и топли кога треба да се состанат со нови клиенти. Но, водолијата исто така нема да се двоуми дали да го искаже своето мислење ако има сосема обратно гледиште на работите во однос на колегите и без проблем ќе ја понуди нејзината сосема нова перспектива на ситуацијата. Поради оваа карактеристика, таа често влегува во предизвикувачки и несовладливи расправии со другите луѓе, на многу различни теми.

Астролошки профил на родените во знакот водолија

Страсни личности

Водолиите се страсни личности во љубовта и во животот воопшто. Тие силно ги чувствуваат нивните емоции и сметаат дека искажувањето на истите на другите луѓе е сосема во ред. Некои луѓе може да ја доживуваат водолијата како премногу драматична особа, но во суштина таа има тенденција да биде многу логична и ретко би дозволила чувствата да ја надвладеат во доброто резонирање. Нејзините јаки емоции ја прават одличен пријател кој умее да слуша и да сочувствува со оние кои ѝ се драги. Таа исто така умее да дава и многу добри совети. Многу водолии се големи хуманитарци и активно бараат начин да им помагаат на оние луѓе на кои им е потребна поддршка.

Страста на водолијата може да постане и негативна карактеристика. Таа станува непријателски настроена ако нешто ја испровоцира на кавга и тврдоглаво ќе се придржува до својот став, дури и откако проблемот ќе биде решен. Ако во вашиот живот имате некоја водолија и сакате да ја избегнете оваа стапица, обидете се со неа да водите ведар и чисто информативен разговор и да се фокусирате повеќе на разменување мислења, отколку емоционално да бидете погодени од ваквите ситуации.

Емотивни

Емоционалните искуства и справувањето со нив е тешка задача за водолиите. Емотивната разединетост на водолијата е причина зошто таа однадвор може да делува студено и отсутно во љубовта. Ова не значи дека водолиите се нечувствителни личности, туку дека ним им е потребно подолго време пред да решат да му дозволат на некој да стане дел од нивниот живот. Кога еднаш ќе го тргнат нивниот штит, водолиите во очите на другите стануваат многу лојални, верни и енергични личности.

Водолиите во љубовта

Водолиите се најкреативните и најиновативните знаци во зодијакот. Тие не сакаат да се чувствуваат како да се затворени во кутија во секојдневниот живот, а истото важи и во полето на љубовта.  Тие сакаат постојано да го изненадуваат нивниот партнер. Еден ден водолијата може да ви предложи да одите на прошетка во парк. Наредниот ден ќе ви понуди да одите на патување во Бразил. Нејзините иновативни идеи се составен дел од начинот на кој ги изразува нејзините емоции. Љубовната врска со водолија не може да биде монотона. Во принцип водолиите не се нешто многу романтичен знак, но тие умеат да најдат креативен начин да ги изразат нивните длабоки емоции на начин на кој ним им е најудобно. На некои може водолијата да им изгледа малку ексцентрично, но таа всушност е многу природна.

Астролошки профил на родените во знакот водолија

Лојални пријатели

Каде и да оди, екстравертната водолија создава пријателства. Таа обожава постојано да запознава различни карактери на луѓе. Истото важи за водолијата и на љубовен план – во врските е пред сè другар па после сè друго. Таа ќе сака да чуе каков ви бил денот и да ги дознае сите ваши проблеми. Ќе се грижи за вас кога сте болни и ќе биде заинтересирана да ви помогне на секој можен начин.

Астролошки профил на родените во знакот водолија

Водолиите имаат тенденција да бидат високо интелектуални личности и бараат партнери кои ја делат истата пасија. Тие сакаат само да добиваат комплименти и пофалби од нивниот партнер, но не и да даваат.

Во принцип водолиите се многу лојални љубовни партнери. Тие не би ставиле крај на врска поради некои бесмислени причини. Наместо тоа, тие работат на решавањето на проблемите и се обидуваат да избегнат создавање на поголеми. Тие ќе се борат за нивната врска и во добро и во лошо и ќе настојуваат да ја задржат цврста на долг рок.

Игра на заведување

Водолиите се логични луѓе. Тие поминуваат голем дел од времето анализирајќи ги деталите на ситуациите во нивната глава. Како резултат на тоа, тие честопати гледаат на љубовта како на игра. Водолиите буквално кажано, уживаат во процесот на освојување на потенцијалниот партнер. Тие всушност не се брзаат да влетаат во врска, бидејќи сакаат подолг период да и се восхитуваат на фазата на додворување. Сакаат да одат чекор по чекор, за да можат добро да проценат дали имаат иднина со таа личност или не. Во секој случај не треба да се заборави дека водолиите се во потрага по љубов и партнер со кој ќе го делат животот.

Негативни карактеристики:

Екстремно невообичаени

Водолиите се оригинални затоа што никогаш не се водат според некои општествени стереотипи. Невообичаениот поглед кон работите, водолијата не го доживува како лоша работа. Поставувањето граници на самоконтрола според неа е бесмислена работа. Таа не сака да следи никакви правила или формалности, а тоа честопати оди на штета на други луѓе. Нејзината ексцентричност ја води кон донесување екстремни одлуки и чудни заклучоци. Понекогаш е тешко да се води разговор со водолија за важни работи бидејќи таа или тој, ќе го доживува вашето гледиште на работите како „премногу безбедно“.

Тврдоглави

Водолиите се водат според нивната логика и брзо донесуваат одлуки. Кога овој хороскопски знак ќе донесе одлука, бидете сигурни дека таа нема да се промени уште долго време. Водолиите ги држи лутина долго време дури и за најситни кавги и недоразбирања. Ако сте неразумни и ја погодите „лошата точка“ на водолијата, таа тоа ќе го памети засекогаш. Таа се бори за нејзиниот став дури и кога не постојат изгледи за да успее во тоа. Страста која ја поседува овој знак може да претставува и негова добра карактеристика, бидејќи тој секогаш е желен да се бори за она во кое верува.

Астролошки профил на родените во знакот водолија

Одвоени, затворени и осамени

Водени според нивниот интелект, а не според срцето, водолиите не ги изразуваат нивните емоции на начин на кој што другите очекуваат тоа да го прават. Тие ги чуваат чувствата во себе, бидејќи не сакат да бидат повредени, па поради тоа сакаат да си дадат повеќе време да запознаат некоја личност, пред да решат да ѝ се отворат.

Пријателите на припадниците на овој хороскопски знак често се жалат дека не можат да сфатат што се случува во главата на нивниот другар-водолија.  И покрај тоа што водолиите лесно и брзо се спријателуваат, не сакаат да ги споделуваат нивните чувства. Исто така, ако водолија реши дека не сака да бидете дел од нејзиниот живот, верувајте дека така и ќе биде.

Астролошки профил на родените во знакот водолија

Повеќето водолии сакаат да живеат во нивниот затворен, самотен свет. Екстремните припадници на овој знак, сметаат дека да се биде одвоен од останатиот свет е одлична работа. Тие не се грижат како другите луѓе ги доживуваат или како од нив се очекува да се однесуваат.

Астролошки профил на родените во знакот водолија

Идеални професии за водолија: политичари, писатели, научници, астронаути, уметници, астролози, инженери, фотографи и секаков тип на хуманитарна дејност

Омилени бои: сина, зелена, тиркизна, сива, црна

Водолиите најмногу си одговараат со: овен, близнаци, вага, стрелец

Животно мото „Големите умови често наидуваат на големи спротивставувања од страна на просечните умови.“


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. ivica Reply

    tocno e se nisto ne zgresile

  2. Dijana Reply

    tocno e i jas mislam. Sve se slaga i za vrski i za originalnost i za toa deka sakame individualnost i deka ne ni e gajle sto mislat drugite.

  3. marija Reply

    da i spored mene se e tocno :)

  4. janne kumbha jataks Reply

    “Тие сакаат само да добиваат комплименти и пофалби од нивниот партнер, но не и да даваат.” е не не не не…99,763 точно….

  5. The Nella Reply

    se e tocno. :)
    sekako deka i vodoliite davaat komplimenti ama mn malce 😉

  6. Тина Reply

    ептен точно, ама најточно :најсимпатичниот, најљубезниот и најпретставителниот знак во зодијакот!

  7. Dani Reply

    Ne e mozno seto ova da se odnesuva na poveke licnosti i se da bide tocno kako sto e kazano. Takvi sme nie vodoliite

  8. Aleksandra Reply

    naj open minded znak e vodolijata :))
    se e tochno
    a koga ke ima statija za ljubovna kombinacija na vodolija i bik?

  9. Borche Reply

    Изгледа ми ги Читате мислите!
    Се е точно.
    Дали ќе може Водолија и Рак?

    • Кафе пауза Reply

      Да ќе излезат сите комбинации со водолија во текот на периодот додека трае овој хороскопски знак. Другата недела ќе излезе водолија-рак. Поздрав

      • Borche Reply

        Ви благодарам.
        Поздрав.

  10. Natka ! Reply

    Totalno Se E Tocno ! 😀

  11. reni Reply

    i jas da prasam za ljubovna kombinacija taa vodolija tok rak

  12. vodolijaaaaa Reply

    a za kombinacija vodolija i devica poarno neka ne iskaca 😀

  13. rakkkkkkkkkkkkk Reply

    vodolija i rak! mozeeee :DDDD ?

  14. rakkkkkkkkkkkkk Reply

    moze astroloski profil za rak! :DD

  15. julijana Reply

    dali moze vodolija-bliznaci?

  16. sanja Reply

    se e tocno……bravo

  17. blagica Reply

    se e tocno…vistina…

  18. Ivan Reply

    Se e tocno nadobriot i najubaviot znak sme :):):)

  19. Cece Reply

    Големите умови често наидуваат на големи спротивставувања од страна на просечните умови. Ova e najtochno :) Bashka site vodolii se srcki,toa im e zaboraveno :))

  20. Mace Reply

    sve e tocno…apsolutno sme najdobriot znak :)

  21. pine peacock Reply

  22. Svetle J Reply

    Ne e tocno deka se tvrdoglavi i deka drzat lutina podolgo vreme

  23. Bliznak Reply

    Moze li Astroloski profil za bliznacii :)

    • Кафе пауза Reply

      Ќе има и за близнаци астролошки профил, но за еден месец, во периодот на близнаците. Поздрав :)

  24. ivana Reply

    kolku e tocen horoskopov sve e tocno

  25. фицка Reply

    Големите умови често наидуваат на големи спротивставувања од страна на просечните умови.

    фала тато сто си знаел кога да поцнес да ме правис за да се родам во овој прекрасен знак

  26. sunshine Reply

    sosema ste vo pravo … nie sme i golemi zrtvi za sakanite ,se zrtvuvame samite, za drugite okolu nas

  27. Ket4eeee Reply

    Deka sme najlubezniot,najpretsvitelniot znak,najkulturniot znak ednostavno tocno e imame mnogu mnogu mnogu kretaivni idei koi sekogas sakame da si srovedeme,imame mnogu pametni,intrlegrntni,brzi,ostri umovi najgolemite xumanitarci sme toco Vodolijaaaa sekogas kako trreba,mozepomaga nikogas nema da vi go zavrti grbot i da si gi gleda samo svoite interesite taa misl za site okolu nea i zrtva e za site vo sekoe vreme bilo koga mnogu mnogu mnogu mnogu sme otvoreni,komunikativni,direktno se kazuvame lice vlice i mnogu sme odgovorni,stabilni i sakame koga ne falat no i nie sakame toa mnogu cesto da go pravime koga trreba da pofalime nekoj deka sme trvrdolglavi se siglasuvam i toa kako preovladuva trvdoglavosta i buntovnostakoga sme izrevolitirani od lujgeto okolu nassss no toa momentalno trae i pak se smiruvame:):):):):D:D:D:D:D GOLEMI POZDRAVI OD MENE KAKO VODOLIJA DO SITE UPORNI ,XUMANI I TRVDOGLAVI VODOLIIIII!!!!!!:):):):):):D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D:D

  28. Vodolija :) Reply

    Јас сум од збор до збор чистокрвна водолија… Пу да му се плукнам, најголеми лудаци сме во хороскопов… :) :) :)

  29. GodBlessed Reply

    Се е точно, освен фактот дека лутината долго ни трае…. нема везе баш секој втор ден се расправам за глупости (од тврдоглавост) и лутината ми траела онака најдолго 3-5 дена :)

  30. Vodolija Reply

    Се е точно

  31. Bojana Reply

    Ne e tochno deka ne drzhi lutina, ama tochno e deka retko koga davame komplimenti a sakame da primame 😀 kako i za humanosta

  32. Igor Reply

    Tochno se e tochno!!!!

  33. Jordan Reply

    Само уште една работа за водолиите..живеат пред времето…идносно тие се предвесник на настаните и претставуваат во некоја смисла..Бунтовник без пичина….Алтрусти и Филантропи…кои несебично се жртвуваат себе за среката на другите

  34. Vodolija Reply

    Prava vodolija sum 😀

  35. Taciii Reply

    Se e tocno,samo toa deka najdobra kombinacija e i so oven i strelec,mislam deka ne e tocno…Vodolijata najdobro se slozuva so lav,bliznaci i vaga…

  36. Anonymous Reply

    TOCNO

Остави коментар