Величествено цртање со светлина

Цртањето со светлина е една од најинтересните форми на уметност. Уметниците кои работат со светлина, создаваат една поинаква, магична реалност во нивните фотографии. Вес Вели е „зависник“ од светлина, кој преку ден работи во компанија за електрична енергија, а навечер се претвора во величествен уметник.

Величествено цртање со светлина

Можеби ќе звучи неверојатно, но ниедна од неговите фотографии не се обработувани во Фотошоп за да изгледаат вака волшебно.

Величествено цртање со светлина

 

„Не правам никаква софтверска обработка на моите фотографии. За да ги направам овие светлосни облици, користам електролуминисцентна жица, која ја вртам во круг и го фотографирам моментот додека таа се врти,“ – вели Вес.

Величествено цртање со светлина

Работната опрема на Вес се состои од фотоапарат Canon Rebel XS, електролуминисцентна жица, ленти со ЛЕД диоди, светлечки стапчиња, валјак и триногалка.

Величествено цртање со светлина

 

Ги закачувам лентите и жиците на валјак за молерисување и ја користам триногалката за да го вртам и притоа да создадам совршени кругови,“ – објаснува Вес.

Величествено цртање со светлина

За да направи „огнен ефект“, Вес се служи со светлечки стапчиња.

Величествено цртање со светлина

Ве оставаме да уживате во неговите магични уметнички творби.

Величествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлинаВеличествено цртање со светлина

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Марија Дукоска Reply

    Ова е прилично лесна техника за изработување, само е потребно добро да си го познавате фотоапаратот.

Остави коментар