Светот погледнат низ капка вода

Иако овие фотографии личат како да се дел од скапа маркетиншка кампања, сепак станува збор за дела на еден макрофотограф, кој фотографира капки вода. Талентираниот Брајан Валентајн, кој е пензиониран и има 61 година, ги прави овие интересни фотографии, ставајќи слики од магазини зад листовите со капки во неговата градина. Една слика од телефонски именик на која има две рипки, тој успева да ја претвори во аквариум.Светот погледнат низ капка вода.

„Отсекогаш сум бил заинтересиран за макрофотографија и многу ми се допаѓаше идејата да замрзнам момент преку капка вода. Долго време се имам обидувано да начекам добра прилика, сè додека не сфатив дека е полесно да ставам слика зад капката.“

Светот погледнат низ капка водаСветот погледнат низ капка вода.

„Ми се допаѓа овој вид фотографии бидејќи се многу популарни и мислам дека имаат надреален квалитет. Изгледаат како модерна уметност. Потребно е многу време за да се усовршат овие фотографии, но јас сум во пензија па имам доволно време да се обидувам и да експериментирам.“

Светот погледнат низ капка водаСветот погледнат низ капка водаСветот погледнат низ капка водаСветот погледнат низ капка водаСветот погледнат низ капка водаСветот погледнат низ капка водаСветот погледнат низ капка вода
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар