Меган Фокс – заштитното лице на Армани
Меган Фокс веќе некое време соработува со модната куќа „Армани“. Иако во досегашните фотосесии, сме навикнале да ја видиме во долна облека, овој пат тоа не е случај. Во оваа фотосесија станува збор само за нејзиното прекрасно лице, кое е доволно за да се покаже колку таа е навистина сексапилна. Фотографиите се различни, бидејќи на дел од нив е премногу нашминкана што нема да можете да ја препознаете, додека на други скоро и да нема шминка.
Нема забелешки, таа моментално навистина е една од најубавите девојки во Холивуд. Според зборовите на многумина, напорната работа ја довела до тука. Изгубените килограми и созревањето се клучни за нејзиниот изглед, но природната убавина и дрскиот поглед само ја наполнуваат нејзината перфектност.





Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
