Шарено училиште за подобрување на расположението на учениците

Автор: Ивана Лазороска

При изградбата на училиштата, главна движечка сила е благосостојбата која ќе ја чувствуваат учениците додека престојуваат во просторот. Имајќи го ова предвид, дизајнерите кои биле одговорни за дизајнот и ентериерот на ова училиште, не се плашеле од јаките и живи бои со кои експериментирале. Напротив, дошле до одлично решение.Шарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеСтанува збор за основното училиште „St Mary’s“, кое се наоѓа во Greensborough, предградие на Мелбурн, Викторија, во Австралија. Виновници за ваквиот изглед се тимот архитекти од smith + tracey.
Шарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеОвие простории се прилагодливи и интересни. Употребата на разни бои го дели просторот во различни зони за работа во групи, односно на разни студиски области.Шарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеШарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеБојата не се користи само на ѕидовите, туку се забележува и на мебелот, па дури и на таваните. Сета таа хармонија на бои, кои секако се неутрализирани со бела и сива, придонесува за поведро и посвежо расположение на учениците.Шарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеШарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеАрхитектите се инспирирани од самата природна околина на училиштето. Како што дрвото расте и цвета во природата, така децата растат, се развиваат и стекнуваат знаење во едно училиште. Самите геометриски форми на предметите поттикнуваат чувство на возбуда и авантура кај учениците.Шарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеШарено училиште за подобрување на расположението на ученицитеШарено училиште за подобрување на расположението на учениците Изгледа дека во Австралија учениците имаат среќа да учат во прекрасно дизајнирани средини. Се сеќавате на средното училиште Фитзрој?
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. вики Reply

    Ова да го видат нашиве министри со парире за компјутери можеа да направат чуда!!

Остави коментар