Прекрасни, иако малку познати делови во светот

Колку и да шетаме и патуваме низ светот, нови и прекрасни места секогаш ќе излегуваат на површина. Следниве фотографии кажуваат една таква нова приказна која, верувамe, сите ќе посакате да ја доживеете.

Џон Чепл бил роден и пораснал во Северен Девон, Англија. Како фотограф се истакнувал уште на своите 14 години, кога инспириран од убавината на родното место, за прв пат почнал да фотографира. Како што поминувале годините, Чепл сѐ повеќе и повеќе се истакнува и брзо станал препознатлив по својата работа во Англија и Австралија.

Брановите на Карпите Шугарлоф, Западна Австралија

Брановите на карпите Шугарлоаф, Западна Австралија

Но, дури откако работата го натерала да го прошета светот, тој ја пронашол својата страст во фотографирањето пејзажи, така на совршен начин комбинирајќи ги своите две пасии – фотографијата и патувањето.

Како што и самиот Чепл вели, фотографиите кои ги прави му носат огромна радост, но уште поголема чест му е кога ги гледа своите слики закачени во нечиј дом. Денес, своето време, Чепл го исполнува со патување низ светот и откривање на малку познати места чија величественост ја овековечува низ објективот на својот фотоапарат.

Уживајте!

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар