Фотографии од природата кои го одземаат здивот

Рурални предели, зеленило, неверојатни погледи… Највредното нешто што нашата планета го има на себе и ни го остава во наследство е природата. Таа отсекогаш била првата и основна инспирација за секој креативен и имагинативен ум кој ја цени убавината и кој ја бара хармонијата во хаосот. Таков е случајот и со фотографот Марцин Собас.

Фотографии од природата кои го одземаат здивот

Марцин ги бележи сите природни убавини, повеќе од 8 години, и вели дека секогаш се враќа на истите места за да ги фотографира прекрасните пејзажи, бидејќи тие секогаш се различни. Погледнете ги неговите фотографии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.