Оптичка илузија со голи тела

Францускиот фотограф Оливие Валсеки направил една необична, но прекрасна серија фотографии, која ја нарекол „Клексографија“. Употребувајќи го човечкото тело како материјал, тој им нуди на гледачите фотографии од органски скулптури, поигрувајќи си со симетријата, како во психолошкиот Роршахов тест, кој се прави за дијагноза на психичката и емотивната состојба на пациентите.

Оптичка илузија со голи тела

Овој проект се родил откако францускиот фотограф победил на натпреварот за фотографи „Hasselblad Masters Award“ минатата година. Подоцна, креаторот на овој натпревар побарал од Оливие да направи фотосерија која ќе го репрезентира зборот „евоцира“.

Оптичка илузија со голи тела

Со оглед на фактот дека цртежите од мастило во Роршаховиот тест претставуваат психолошки тест, кој ги охрабрува пациентите да пронајдат форма во апстрактните облици од мастило, може да се каже дека артистот не можел да одбере подобра тема. Фотографирани исклучиво во црно-бела варијанта, човечките облици ги имитираат симетричните форми на сликите од тестот.

Оптичка илузија со голи тела

И покрај тоа што некои од нив изгледаат невозможно да се изведат, сепак битно е да се потенцира дека ниедна фотографија не е „фотошопирана“. Според фотографот, за секоја направена фотографија му биле потребни 3 часа.

Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела Оптичка илузија со голи тела


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар