Необична примена на чепкалки за заби

Автор: Моника Трајковска

Со помош на книги, интернет, „History Channel“ и алгебра од 8-мо одделение, Стен Манро научил да создава интересни и уникатни градби. Тој рекреира некои од најпознатите знаменитости во светот користејќи само лепак и чепкалки за заби. Во зависност од големината и сложеноста на градбата, потребни му се од 1 ден до 6 месеци за да состави модели на некои од најимпресивните структури на Земјата, со размер од 1:164.

Необична примена на чепкалки за заби

Зградата Крајслер, Кулите Близначки, Тајпеј 101, Зградата Вулворт и Кулата Мет Лајф

Стен започнал со ова необично хоби уште во 5-то одделение кога неговата наставничка донела на училиште проект изработен со чепкалки за заби. До пред 10 години тој бил познат како писател, ТВ репортер и раководител во болница. Но, поради здравствените проблеми на неговата жена Сузи, бил приморан да се откаже од работата за да може да се грижи за неа дома. Така, неговото необично хоби преминало во одличен начин за заработка.

Необична примена на чепкалки за заби

Градот од чепкалки

Дел од неговата колекција е и неверојатниот град од чепкалки т.н. „Toothpick City“, за кој на Стен му биле потребни 6 милиони чепкалки и 172 литри лепак. Моментално работи на неговата најкомплексна структура, реплика на „Ангкор Ват“ (храм во Ангкор, Камбоџа). Сите негови готови модели моментално се изложени во Музејот за наука и технологија во Сиракус, Њујорк.

Необична примена на чепкалки за заби

Ангкор Ват

Необична примена на чепкалки за заби

Сиднејската опера, Австралија

Необична примена на чепкалки за заби

Бродот „Кати Сарк“ во Гринвич, Лондон

Необична примена на чепкалки за заби

Катедралата Св. Патрик во Њујорк

Необична примена на чепкалки за заби

Кулата Аспајр во Доха, Катар

Необична примена на чепкалки за заби

„Spinnaker Tower“ во Портсмут

Необична примена на чепкалки за заби

Месџид ел Харам, Мека

Необична примена на чепкалки за заби

Тауeр бриџ во Лондон

Необична примена на чепкалки за заби

Бруклинскиот мост и Биг Бен



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. klukajdrvche Reply

    капа долу

  2. wooow Reply

    Ovoj doma moze so saka da si napravi 😀 😀

Остави коментар