Минималистички приказ на филозофски концепти

Автор: Ема Јакимовска

Филозофијата е наука чија цел е спознавање на човекот и светот што нè опкружува. Во историјата на филозофијата постојат голем број филозофски правци и концепти, кои и не се така едноставни за разбирање. За нивно полесно сфаќање, ви препорачуваме да ги погледнете неколкуте илустрации на дизајнерот Џенис Карерас, кои на едноставен и интересен начин ги претставуваат основните начела на детерминизмот, реализмот, нихилизмот и други филозофски учења.

1. Детерминизам

Детерминизмот е филозофско учење според кое сите случувања следат некаков причинско-последичен однос. Случајности, ниту слободно дејствување не постојат, сè е веќе однапред предодредено.Минималистички приказ на филозофски концепти

2. Егзистенцијализам

Според егзистенцијализмот, секој човек сам му дава значење на својот живот и самиот е одговорен за сè добро или лошо што му се случува. Колку некој ќе биде исполнет, зависи само од неговите индивидуални заложби.Минималистички приказ на филозофски концепти

3. Дуализам

Според ова учење, духот и материјата се две различни работи. Тоа претставува збир од ставови во врска со односот меѓу духот и материјата кај човекот.Минималистички приказ на филозофски концепти

4. Хедонизам

Хедонизмот претставува тежнеење кон задоволство, што пак е и основниот мотив и цел на секое дејствување. Постојат различни видови хедонизам, во зависност од типот на задоволство.Минималистички приказ на филозофски концепти

5. Реализам

Според реализмот, луѓето не го восприемаат светот директно, туку се само негови набљудувачи. Во литературата, негова главна цел е претставување на реалноста, онаква каква што е.Минималистички приказ на филозофски концепти

6. Нихилизам

Нихилизмот е филозофско учење според кое светот, минатото и сегашното постоење на човекот е без никаква цел или особена вредност.Минималистички приказ на филозофски концепти

7. Хуманизам

Хуманизмот во најширока смисла на зборот претставува љубов кон човекот и афирмација на достоинството и вредноста на човекот.Минималистички приказ на филозофски концепти

8. Релативизам

Релативизмот ја откажува објективната вистина. Не признава никакви апсолутни принципи, или апсолутни вистини.

Минималистички приказ на филозофски концепти


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар