Ламби кои прават забавни сенки на ѕидот

Колку од вас кога биле мали си играле со рацете или разни предмети за да создадете интересна сенка на ѕидовите? Луѓето им се восхитуваат на сенките, особено оние кои се занимаваат со фотографија, бидејќи секогаш мораат да следат под кој агол паѓа светлината и каде ќе се создаде сенка.Ламби кои прават забавни сенки на ѕидотДизајнерите Микаел Росинг и Денис Тиз решиле да ги искористат светлината и сенката, кога ги правеле овие фантастични подни ламби кои ги нарекле „Shining Image “. Овие ламби всушност претставуваат дводимензионални скулптури и кога светлото кое е насочено кон нив е вклучено, се создава интересна сенка на ѕидот.Ламби кои прават забавни сенки на ѕидотЛамби кои прават забавни сенки на ѕидотУбавината кај овие ламби е нивниот минималистички дизајн и тоа што се достапни во разни варијанти, од кои можете да си ја одберете онаа која ви е вам најзабавна. Па, без разлика дали барате нешто прекрасно или оригинално, овие ламби со сигурност ќе ви изнудат насмевка на вашето лице кога ќе го запалите светлото. Нивната цена се движи од 189 евра па нагоре, а можете да ги купите онлајн на Absolut Lighting.Ламби кои прават забавни сенки на ѕидотЛамби кои прават забавни сенки на ѕидот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар