Изградбата на оваа зграда во Мајами уште не ни почнала, а веќе е продаден стан во вредност од 21 милион долари!

Според развивачите и финансиските менаџери на Fortune International Group и Château Group еден пентхаус во зградата во Мајами, која сѐ уште не ни почнала да се гради, е продаден за неверојатни 21 милион долари.

Изградбата на оваа зграда во Мајами уште не ни почнала, а веќе е продаден стан во вредност од 21 милион долари!

Целиот 51-ви кат од 52-катната зграда Ritz Carlton во Сани ајлс бич е моментално под договор. Изградбата на луксузната зграда ќе започне во 2016-тата година, а се очекува да се заврши во 2018.

Иако оригинално се продавалe како две посебни места за живеење, купувачот (успешен претприемач), избрал да ги спои двете во еден пентхаус од 719 м2 со 5 спални соби, кој се протега на целиот кат. Пентхаусот исто така ќе има тераса од 330 м² со летна кујна, приватна градина и базен.

Зградата ќе има 221 стан, чии сопственици ќе можат да ги користат сите заеднички услуги како што се: ресторан, надворешен базен, паркинг простор и услужен сервис кој ќе ги одржува автомобилите и ќе се грижи секогаш да имаат полн резервоар бензин.

Сите станови во зградата ќе имаат прозори поставени од таванот до подот, со поглед кон океанот и висина на собите од 4 метри, давајќи им на просториите „воздушно“ чувство и отвореност.

Во зградата ќе се продава уште еден таков целосен пентхаус со малку поголема квадратура и затоа и по повисока цена во износ од 30 милиони долари.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар