Гламурозен мебел со кристали од Сваровски

Кога станува збор за луксуз, германскиот производител Bretz дефинитивно го има клучот за успехот.Гламурозен мебел со кристали СварофскиОваа колекција е направена според традиционален дизајн на мебел, но изработен е со специфични материјали.Гламурозен мебел со кристали СварофскиБојата на мебелот е многу несекојдневна, златно-жолта, која ви дава чувство како да живеете во некое луксузно кралство.Гламурозен мебел со кристали СварофскиРачно изработени и обвиени со кожа, софата, долгата табуретка, фотелјата, столот и кружното столче, не само што блескаат како сонцето и внесуваат гламур во дневната соба, туку се и украсени со парчиња кристали од Сваровски. Ногарките се многу елегантни и совршено се вклопуваат во целокупниот луксузен дизајн.Гламурозен мебел со кристали СварофскиОвие парчиња мебел зрачат со дрскост, имаат карактер и дефинитивно не се ниту минималистички, ниту неодредени во стилот. Овој мебел не е за сечиј вкус, но доколку сите луѓе би сакале исти работи, тогаш светот би бил многу досадно место, нели!? Гламурозен мебел со кристали СварофскиТеатралната ексцентричност на овој златен мебел е направена со вкус и со сигурност ќе му се допадне на секој оној кој сака домот да му изгледа елитно и кралски.Гламурозен мебел со кристали СварофскиОние „поскромните“, можат да го одберат истиот мебел во бела или црна боја. Кристалите секако ги има и во тие варијанти на бои.Гламурозен мебел со кристали СварофскиГламурозен мебел со кристали Сварофски

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Весна Reply

    Нешто прекрасно!

  2. Весна Reply

    Vam vi blagodaram!Navistina nadahnuva!

Остави коментар