Фотографии од луѓе кои живееле над 100 години: Цела ера во една животна приказна - Part 2

Фотографии од луѓе кои живееле над 100 години: Цела ера во една животна приказна

5. Антонин Балдрман, 17 години и 101 година

(5)fotografii-od-lugje-koi-zhiveele-nad-100-godini-cela-era-vo-edna-zhivotna-prikazna-kafepauza.mk

Уште на 17 години, Антонин бил искусен механичар, а подоцна работел како службеник. Денес живее во дом за старци. Редовно чита весници и навистина го цени тоа што ќерка му го посетува 2 пати неделно. Неговото најважно сеќавање е пријателскиот тим од работата. Им посакува мир на сите.

6. Ана Вашинова, 22 години и 102 години

(6)fotografii-od-lugje-koi-zhiveele-nad-100-godini-cela-era-vo-edna-zhivotna-prikazna-kafepauza.mk

Фотографијата од лево била направена веднаш по свадбата на Ана. Таа работела на фарма, а сега живее во дом за старци. Најмногу од сè Ана сака да чита романтични новели. Никогаш нема да заборави како пеела руски народни песни во еден детски хор, но и тоа дека војната ѝ го зела сопругот. Би сакала повторно да го сретне откако ќе умре.

7. Антонин Ковар, 25 години и 102 години

(7)fotografii-od-lugje-koi-zhiveele-nad-100-godini-cela-era-vo-edna-zhivotna-prikazna-kafepauza.mk

Антонин е креативна личност. Тој бил фронтменот на една музичка група, оперирал со филмски проектор, а бил и возач. Сака да слуша музика, да чита весници и да разговара со ќерка му која го посетува секој ден. Најмногу од сè ги цени моментите кога свирел во бендот и кога бил со својата сопруга. Тој би сакал повторно да свири на кларинет.

8. Мари Фејфарова, 101 година

(8)fotografii-od-lugje-koi-zhiveele-nad-100-godini-cela-era-vo-edna-zhivotna-prikazna-kafepauza.mk

Мари била спортски инструктор а нејзиниот сопруг бил познат кардиолог. Тие живееле во вила во луксузниот дел од Прага. Мари живеела овде сè додека не наполнила 101 година, а потоа решила да се пресели. Ги запалила сите материјални нешта што ги имала – писма, дневници, фотографии, и отишла во дом за старци само со четка за заби. Ги оставила вилата со покуќнината, книгите, облеката и сè останато на своите пријатели, кои пак за возврат се грижат за неа во старечкиот дом. Тие дошле еднаш, ѝ донеле торта и повеќе не се вратиле. Таа сака да чита англиска и француска литература. Најдраги сеќавања ѝ се патувањата со нејзиниот сопруг во Јапонија, Кина, Африка, како и неверојатниот прием од кралското шпанско семејство. По неверојатниот живот, таа дошла до еден заклучок:

„Ако дадете нешто, не очекувајте ништо за возврат. А ако добиете нешто, немојте да мислите дека ќе биде со вас до вашата смрт.“

Погледнете ги и овие неверојатни вистински приказни на луѓе кои се заљубени повеќе од 50 години.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар