Цвеќиња кои експлодираат

Цвеќињата изгледаат прекрасно кога се наредени во цвеќарите или на тезгите по пазарите. Но зошто нивната убавина да не се искористи на еден поинаков начин? Фотографот Qi Wei не е ботаничар, туку инспириран од делата на Тод Меклeлан, дошол до идеја да го примени неговиот концепт во светот на природата.

„Серијата ‘демонтажа’ на Тод Меклeлан покажува прекрасна перспектива на предмети направени од човекот, што ме инспирираше да помислам дали ова може да се направи и за природниот свет. Секако, светот на неверојатно подредените цвеќиња, сам по себе е погоден за прекрасна примена на оваа техника. Мојата поставеност е малку поинаква бидејќи се обидувам да го покажам (колку што е возможно) релативниот меѓусебен распоред на ливчињата, прашниците и толчниците, така што да се зачува радијалната симетрија и цвеќето да може да се препознае.

Цвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираатЦвеќиња кои експлодираат


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар