10 неверојатни употреби на Кока-колата за кои сигурно не сте чуле досега - Part 2

10 неверојатни употреби на Кока-колата за кои сигурно не сте чуле досега

6. Чистење на тоалетот

10 неверојатни употреби на Кока-колата за кои сигурно не сте чуле досега

Повторно благодарение на ортофосфорната киселина, Кока-колата може да послужи како одличен отстранувач на бигорот и другите нечистотии. Употребете сунѓер или спреј за да ја нанесете течноста. Нека отстои така неколку часа или цела вечер и потоа поминете го со вода.

7. Растворање на маснотии

10 неверојатни употреби на Кока-колата за кои сигурно не сте чуле досега

Киселините и кофеинот важат за одлични растворувачи на маснотии и затоа овој пијалак може да го употребите за миење садови и кујнски површини. Поминете ги садовите со Кока-кола, оставете ги да отстојат така неколку часа и потоа измијте ги.

8. Остри миризби

10 неверојатни употреби на Кока-колата за кои сигурно не сте чуле досега

Ако предметите ви мирисаат на гориво или бензин, потопете ги во раствор од вода и Кока-кола со однос 1:1 пред да ги измиете. Пијалакот исто така може да ви помогне да се ослободите од мирисот на риба и други непријатни миризби. Но, никако не ставајте Кока-кола во машината за миење садови и не користете го овој метод за да ги осветлите предметите.

9. Чистење монети

10 неверојатни употреби на Кока-колата за кои сигурно не сте чуле досега

Ставете ги потемнетите монети во висок и тесен сад и наполнете го со Кока-кола. Почекајте 10-15 минути и потоа протресете го садот како да сте шанкер кој прави коктели. Потоа, измијте ги монетите со вода.

10. Отстранување на рѓата

10 неверојатни употреби на Кока-колата за кои сигурно не сте чуле досега

Кока-колата одлично се справува со рѓата, така што слободно можете да го искористите овој пијалак за да ги олабавите рѓосаните шрафчиња, за да исчистите метални предмети и за да решите многу други проблеми предизвикани од рѓата. Истурете Кока-кола на местото и истријте го со сунѓер. Ако рѓата е премногу стара, употребете фолија.

Во продолжение прочитајте како да направите гумени бонбони со вкус на Кока-кола.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар