10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Според некои пресметки, во просек ги користиме смартфоните 4 часа дневно. Но бидејќи сакаме навики, најчесто ги употребуваме истите функции и воопшто не истражуваме за што сè се способни овие направи. Во продолжение погледнете 10 неверојатни трикови што ги крие вашиот смартфон, а што ќе ви бидат од корист во разни ситуации.

1. Проектирање мапа на шофершајбната

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Доколку возите навечер, во магла, дожд или на непозната локација, инсталирајте ја апликацијата Hudway. Означете ја вашата дестинација и поставете го телефонот пред шофершајбната. Вашиот смартфон ќе ја проектира мапата на шофершајбната без потреба од дополнителна опрема.

2. Читање баркодови

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Вашиот смартфон може да чита баркодови и QR кодови. Оваа функција е корисна од две причини:

  • Можете да ги скенирате кодовите на повеќето производи кои се дел од USPS, UPS и FedEx системите и автоматски да ги префрлите информациите на вашиот уред.
  • Можете да добиете повеќе информации за продуктот со помош на апликации како RedLaser и да проверите дали има подобра цена на друго место.

3. Вашиот телефон може да работи со телескоп

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Ова е едноставен, но корисен трик за кој многумина не знаат. Ставете ја леќата на телефонот на телескопот и ќе можете да направите фотографија од другата страна. Трикот работи и со двоглед.

4. Камерата може да го одреди вашиот пулс

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Апликациите како Instant Heart Rate тврдат дека можат да го измерат вашиот пулс со помош на камерата на смартфонот. Поставете го прстот пред камерата и апликацијата ќе ги забележи малите промени во бојата на вашата кожа кои се резултат на пулсот. По некое време апликацијата ќе го измери вашиот пулс. Апликацијата Cardiio може да го измери вашиот пулс со помош на промената на бојата на вашето лице.

5. Можете да скенирате и да ги дигитализирате негативите од стари фотоапарати

10 корисни функции на вашиот смартфон за кои веројатно немате слушнато

Ова не е најдобриот начин на скенирање и дигитализирање, но ако итно ви е потребно да ги разгледате негативите, можете да го направите тоа со помош на вашиот смартфон. За ова можете да користите апликации како HELMUT Film Scanner.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар