Зошто треба да додавате вотка во тестото за пита и пица?

Имаме многу важни новости за вас, кои целосно можат да ви го променат животот (во поглед на питите и пиците!). Доколку сакате да добиете тесто кое едноставно се топи во вашата уста, сè што е потребно е да додадете само една тајна состојка во смесата. Станува збор за вотката.

Зошто треба да додавате вотка во тестото за пита и пица?

Вотката влијае врз тестото на овој начин поради 2 причини. Најпрво, ја прави смесата повлажна, а со тоа и полесна за работа. Како второ, етанолот во неа го спречува глутенот од брашното да се сврзува, резултирајќи со помеко тесто кое едноставно се топи во вашата уста.

Во случај да се прашувавте, алкохолот се губи во готвењето, па нема потреба да се грижите дека тестото ќе има чуден вкус или пак, дека вашите деца ќе се опијанат. Оваа тајна состојка носи само позитивни промени, овозможувајќи ви ги највкусните пица или пита кои некогаш сте ги пробале.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар