Обојте ја пролетта во најразлични бои: Како да ги носите чевлите оваа сезона?

Обојте ја пролетта во најразлични бои: Како да ги носите чевлите оваа сезона?

Со сигурност секоја нова сезона посакувате во својот секојдневен изглед да внесете некоја новина. Промената на фризурата и бојата на косата можат да бидат одличен избор, но само за оние дами кои се сигурни во тоа, а ние веруваме дека многу од вас попрво би се одлучиле за промени во стилот и воведување нови трендови кои доаѓаат токму со новата сезона. Сепак, најдобриот начин да го освежите вашиот стајлинг, а да не правите никакви драстични промени, ниту во стилот, ниту во изгледот е да изберете обувки во некоја весела боја.


1-obojte-ja-proleta-vo-najrazlichni-boi-kako-da-gi-nosite-chevlite-vo-boja-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Ова би можело да биде одлична идеја за сите оние жени кои ги сакаат боите, ги сакаат оригиналните аутфити и не им е грижа да ја покажат својата оригиналност. Затоа оваа пролет можете да видите како тротоарите се шарени со лесни и брзи женски чекори.

Доколку досега сте биле приврзани само за класичните бои на чевли како што се црната и кремот, тогаш во почетокот можеби би ви било тешко да се одлучите за некоја друга боја која би можеле да ја носите на вашите чевли. Можеби ќе ви делува чудно за на работа или некоја друг формална прилика да облечете вакви обувки, но навистина нема потреба да чувствувате никаков притисок, бидејќи чевлите во боја стануваат задолжителни исто како пар црни или крем чевли.

2-obojte-ja-proleta-vo-najrazlichni-boi-kako-da-gi-nosite-chevlite-vo-boja-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Кога ја избирате бојата на чевлите започнете од тоа избраната боја да биде најблиска до јачината која најмногу ви пријае. Доколку имате некоја омилена боја, тогаш првиот пар нека биде токму во таа боја. Така најлесно ќе се одлучите, но и ќе ги комбинирате со гардеробата која веќе ја имате.

3-obojte-ja-proleta-vo-najrazlichni-boi-kako-da-gi-nosite-chevlite-vo-boja-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Црвените чевли или сандали се секогаш совршен избор, бидејќи секоја комбинација ја подигнуваат на повисоко ниво. Дури и кога немате ниту еден друг црвен детаљ на себе, секогаш можете да ги споите со црвен лак или кармин. Тие сами по себе се толку ефективни и елегантни што воопшто нема потреба да барате каков било неопходен спој. Црвената облека доаѓа во обѕир во секаков облик. Чевлите можете секогаш да ги носите, во текот на целата година, а лесно се комбинираат со фармерки и бела блуза, но и со елегантни фустани и костими.

4-obojte-ja-proleta-vo-najrazlichni-boi-kako-da-gi-nosite-chevlite-vo-boja-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Кога избирате сини чевли, тогаш не би било лошо да ги изберете оние во кралско сина боја или индиго, бидејќи тие нијанси даваат доза елеганција. И оваа боја на чевли можете да ја комбинирате со сите останати бои, бидејќи сината сама по себе е лесна за комбинирање, дури и покрај тоа што оваа нијанса припаѓа на оние поинтензивните. Сјајно се комбинира и со различни дезени и затоа не плашете се креативно да си поиграте со шарите и принтовите.

5-obojte-ja-proleta-vo-najrazlichni-boi-kako-da-gi-nosite-chevlite-vo-boja-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Жолтите чевли се можеби поретка појава и поредок избор на жените, но кога ќе погледнете колку добро се комбинираат со другите бои ќе признаете дека и вие би сакале да ги носите. Можете да ги комбинирате како и сите останати бои со фармерки и сите еднобојни материјали, но и со интересни дезени кои во спој со жолтите чевли секогаш даваат весели комбинации.

6-obojte-ja-proleta-vo-najrazlichni-boi-kako-da-gi-nosite-chevlite-vo-boja-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_

Зелените, розовите или виолетовите чевли, како и сите останати бои коишто можете да ги замислите се идеални за оваа пролет да ја направите повесела и да внесете новини во својот стил, без притоа да преземате драстични мерки.

7-obojte-ja-proleta-vo-najrazlichni-boi-kako-da-gi-nosite-chevlite-vo-boja-ovaa-prolet-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар