Audi вградува антиалергени филтри во системите за климатизација на возилата

Почнувајќи од следниот месец, револуционерните филтри ќе се вградуваат во системот за климатизација на сериските модели: Audi A1, A3, Q3 и TT, додека новиот Audi Q2 ќе биде опремен со вакви филтри при неговото лансирање на пазарот.

 Colour: Vegas Yellow

Компактните модели на Audi од јуни ќе се продаваат со нови филтри на системот за климатизација кои освен што ги задржуваат честичките и штетните гасови од воздухот, ги неутрализираат и најголемиот дел од алергените материи што им предизвикуваат низа непријатности на лицата кои страдаат од различни алергии.

Со новите филтри, Audi поставува нови стандарди во светски рамки во премиум сегментот на возила. Почнувајќи од следниот месец, револуционерните филтри ќе се вградуваат во системот за климатизација на сериските модели на Audi A1, A3, Q3 и TT, додека новиот Audi Q2 ќе биде опремен со вакви филтри при неговото. Постојните клиенти кои веќе возат некој од наведените модели ќе можат да ги надградат своите системи за климатизација при редовните сервиси на возилата.

Филтрите се достапни во две варијанти, при што секоја е составена од три слоја кои функционираат различно и независно. Она што ги прави специфични новите филтри е новиот надворешен слој кој има антиалергиски ефект. Едната варијанта на филтерот ги намалува ефектите на алергените со помош на растителни деривати, биоактивни супстанции наречени полифеноли, кои се врзуваат за рецепторите на алергените. Другата варијанта користи модификација на структурата на протеини за да се постигне посакуваното влијание. Независните тестови спроведени од специјализирани институции кои ги испитуваат алергиските својства, ја потврдија високата ефикасност на новите филтри на Audi.

Двата слоја присутни во постојните филтри исто така значително придонесуваат за високиот квалитет на воздухот во внатрешноста на возилото. Слоевите за филтрирање направени од специјален микрофибер кој ги задржуваат и најситните честички од воздухот. Истовремено, ги заробуваат штетните издувни гасови во слојот со активен јаглен. Сеопфатните мерења на резултатите на системите за климатизација кои користат вакви филтри ја докажуваат неговата висока ефикасност.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар