За жени на сите возрасти: Сè што треба да знаете за вагиналната атрофија

Станува збор за болна состојба што може да поттикне чешање, па дури и чувство на печење, но не се работи за полово пренослива болест. Зборуваме за вагинална атрофија – состојба што ги напаѓа жените во сите години.

Вагиналната атрофија е честа болест што предизвикува истенчување на вагиналниот ѕид. Овој проблем може да се појави кај сите жени, во секоја доба од животот, но најчесто се забележува кај оние што минуваат низ менопауза. Тоа се случува затоа што телото произведува помалку естрогени од просекот, што директно влијае на вагиналниот ѕид.

Вагиналната атрофија може да им се случи и на жени што боледувале од рак, особено ако примале хормонални третмани за борба против рак на дојка. Но, и на сите останатите чие производство на естроген е поради некоја причина намалено.

Најчестите симптоми вклучуваат исцедок, чувство на пецкање, чешање, потешкотии при мокрење и болка за време на сексот. Овие симптоми сами по себе се доволни за жената да се откаже целосно од секс, но се покажало дека редовните оргазми имаат позитивно влијание при намалувањето на симптомите. Тоа се случува бидејќи се зголемува протокот на крв во долниот дел од телото со помош на оргазмот. Истиот ефект се случува и при интензивното вежбање.

„Многу е важно да имаме здрав сексуален живот со партнерот или сами со себе“, изјавила Луиз Мазанти, сексуална терапевтка од Лондон. „Луѓето често велат дека немаат никаков сексуален живот затоа што немаат партнер, но тоа не значи дека не можете да имате сексуален однос со себе. Доволно е само да се допира вагиналното ткиво за да се зголеми крвотокот, чувствителноста и еластичноста.“

Зголемувањето на протокот на крвта го зголемува и доходот на кислород во вагината, што значи дека се намалува можноста за воспалување, стенчување и сушење на вагиналното ткиво. Според Мазанти, ако клетките не добиваат доволно кислород, не можат да го елиминираат отпадот од ткивата, па тоа може да доведе до воспаленија и проблеми како вагиналната атрофија.

Насобраните токсини исто така можат да ги спречат виталните хранливи состојки да дојдат до клетките, па дополнително да го оштетат ткивото.

„Губењето на способноста за секс не е само физички проблем, туку може да има и сериозни несакани последици на ментално здравите луѓе. Кога се намалува способноста и желбата за секс, тоа е голема промена во идентитетот“, тврди Мазанти. „Жените почнуваат да се преиспитуваат и да си поставуваат прашања како: ‘Која сум сега, ако не сум толку сексуално активна како претходно?’ Ова може да доведе до појава на депресија и криза на идентитетот.“

Па, како да дознаете дали страдате од вагинална атрофија? Погледнете ја следнава листа со симптоми и ако имате какви било сомнежи, веднаш консултирајте се со вашиот гинеколог:

  • Сувост
  • Чувство на пецкање, особено при мокрење
  • Исцедок
  • Чешање
  • Зголемена потреба за мокрење
  • Инфекции на уринарниот систем
  • Инконтиненција
  • Лесно крвавење по сексот
  • Непријатност за време на сексот
  • Сувост за време на сексот
  • Скратување или собирање на вагината

Вагиналната атрофија најчесто настанува поради намалување на женскиот полов хормон – естроген. Тој е главниот хормон што го регулира месечниот циклус и ја контролира овулацијата. Токму затоа и ако се намали неговото производство, ѕидовите на вагината стануваат тенки и суви.

За да се справите со овој проблем, можете да користите навлажнувачи на вагината, како и различни креми што можат да го подобрат вашиот сексуален живот. Постојат и креми што секојдневно се нанесуваат во вагината за да ја подобрат нејзината еластичност. Сепак, за најдобар ефект, користете лубрикант при однос.

Покрај овие нешта, се препорачуваат и таблети со естроген за да се обноват нивоата на естроген што ги имате во телото. Терапијата мора да биде одредена од страна на доктор.

Прочитајте ги и овие неколку совети за здрава и „среќна“ вагина.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар