16 знаци кои покажуваат дека не сте интроверт, туку навистина чувствителен екстроверт

Бидејќи сите се и интроверти и екстроверти, а се идентификуваат со она што им се допаѓа повеќе, може да биде тешко да се најдат разликите помеѓу нив. Но ова не важи за чувствителните луѓе. Овие луѓе имаат поголема емоционална интелигенција, посилна интуиција, креативни се и почувствителни се на стимулите од обичните луѓе.

16 знаци кои покажуваат дека не сте интроверт, туку навистина чувствителен екстроверт

Кога овие карактеристики ќе ги комбинирате со одликите на екстровертите, може да настане забуна. Важно е да знаете да ја направите разликата бидејќи колку подобро се знаете, толку подобро ќе го изградите животот што го посакувате.

1. Всушност, не ви пречи да бидете околу други луѓе, само повеќе сакате да бидете во друштво на одредени личности. Дружењето со погрешните луѓе ве троши. Дружењето со вистинските прави да се чувствувате подобро.

2. Имате еден или двајца блиски пријатели со кои редовно разговарате и се гледате. Ако имате еден најдобар пријател со кој се гледате секој ден, или партнер со кој сакате да бидете што е можно почесто заедно, самиот квантитет на времето поминато во дружба ве прави екстроверти.

3. Сакате да бидете сакани од сите, што е желба на многумина. Ова често се поврзува со социјална анксиозност, особено кај луѓето кои сакаат да се поврзуваат со другите.

4. Сакате да бидете вљубени. Чувствителните луѓе се вистински романтичари, најмногу бидејќи се во допир со нивните емоции. Се разбира, и интровертите ја сакаат вљубеноста, но екстровертите ја искажуваат поотворено.

5. Ако ги споредите вашите емоции кога сте сами и кога сте опкружени со семејството и пријателите, сфаќате дека се чувствувате подобро во втората ситуација. Мислите дека сте посреќни сами, кога всушност не сте.

6. Вашето мечтаење често вклучува и други луѓе – како да ги импресионирате, како да направите да ве засакаат и слично, наместо да сонувате за соло истражување и за искусување на светот.

7. Како дете сте биле екстроверт. Постојано сте им се јавувале на пријателите или сте си играле со другите деца на улица. Но можно е да се случило некој трауматичен настан што направил да ја засакате самотијата. Изолацијата ви е како механизам за справување, а не нешто што е дел од вашата природа.

8. Вашата способност да сфатите што луѓето навистина мислат и чувствуваат може да прави да се чувствувате неудобно. Но од друга страна, ова е особина што ве прави друштвена личност.

9. Се чувствувате навистина лошо кога забележувате дека некој сам се саботира, а вие не можете да направите ништо во врска со тоа. Фактот дека ги чувствувате туѓите проблеми и често ги гледате како ваши ве тера да се изолирате.

10. Всушност, навистина ви е лесно да се поврзете со другите. Кога сте излезени вие ѝ давате живот на забавата, или можеби вие сте личноста којашто ја познаваат сите келнери. Самата способност да се согласувате со повеќето луѓе е одлика на екстровертите.

11. Навистина сте лојални, но само со најблиските пријатели и личноста што ја сакате најмногу. Кога љубите, љубите целосно и таа личност станува дел од вас. Но стигнувањето дотаму е малку подолг процес на отворање и стекнување доверба.

12. Сакате да излегувате и да се забавувате, но сте умерени. Кога сте опкружени со премногу енергија се заморувате, па потребен ви е период на закрепнување.

13. Често ги игнорирате луѓето, дури и пријателите. Понекогаш ви е тешко да објасните дека ви е потребно повеќе време за себе, а кога другите не го сфаќаат тоа многу ви е полесно да бидете недостапни.

14. Многу ви е поудобно во голема група странци, наместо во мала група познаници. Причината е што немате социјална обврска да импресионирате или да се поврзете со странец.

15. Сакате да работите сами, но тоа да биде нешто што другите ќе го разберат и ќе го видат. На пример, можеби сте писател кој работи сам, но подоцна ја поделува својата работа со многу луѓе.

16. Ако треба да го опишете вашиот совршен живот, веројатно тоа би било комбинација од среќна врска, неколку добри пријатели и блиско семејство. Вашата цел во животот не е да се држите настрана од луѓето, туку да ги одберете вистинските и да ги држите покрај себе без разлика на сè.

Погледнете го овој тест што ќе ви помогне да откриете дали сте екстроверт или интроверт.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар