Уживајте во снежната зимска магија со фотографиите на инстаграмџиката Ксенија Деспотоска

Ако одбереме само неколку зборови со коишто би ја опишале Ксенија Деспотоска, тоа би биле искрена, позитивна и креативна. Доволно е само да фрлите око на нејзиниот Инстаграм профил или да пуштите видео на нејзиниот Јутјуб канал за и самите да го добиете овој впечаток за неа. Па, ако сакате да уживате во прекрасни зимски фотографии, и да прочитате некој совет за модата, шминката и убавината – тогаш дојдовте на вистинското место! Уживајте!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) on

1. Твојот стил е беспрекорен! Кога почна да се интересираш за модата и како дојде до одлуката да отвориш Инстаграм профил и Јутјуб канал?

Интересот за моето присуство на социјалните мрежи започна спонтано. Уште од кога памтам за себе сум ги сакала модата и фотографијата. Исто така, тоа дефинитивно ми е наследено од мојата мајка, која секогаш ме средувала, ме облекувала и ме фотографирала, па на тој начин ми ја пренела оваа љубов и на мене. Потоа почнав да следам Јутјуб и да се интересирам за шминка. Кога сите овие работи се склопија, настана мојот Јутјуб канал и Инстаграм профил. Навистина сум голем љубител на модата, шминката, добрата фотографија… Иако на почетокот сето ова го сметав за хоби, полека почна да ми прераснува во работа и навистина сум пресреќна поради тоа што можам да го работам тоа што го сакам и тоа што уживам да го правам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) on

2. Инстаграм или Јутјуб – што преферираш повеќе и зошто? Исто така на која од овие мрежи се чувствуваш подобро, каде добиваш повеќе фидбек и каде остваруваш повеќе соработки?

Ги сакам и двете, но некако повеќе го преферирам Инстаграм, затоа што таму добивам повеќе фидбек, остварувам многу подобра комуникација со тие што ме следат и можам да бидам многу поактивна. Од друга страна пак, на Јутјуб е малку потешко затоа што пред сè треба многу повеќе време за да се сними видео, па да се обработи и слично. И многу е потешка комуникацијата со следбениците. Исто така и многу повеќе соработки се остваруваат преку Инстаграм, затоа што е едноставно многу попристапно и полесно за комуникација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) on

3. Живееме во брзо време, каде што сите постојано трчаме за да стигнеме онаму каде што треба да бидеме. Имајќи го ова на ум, која според тебе е наједноставната модна комбинација, што може да ни се најде за секоја ситуација?

Дефинитивно мојата омилена комбинација, пред сè која одговара за секаде, на дневна база и притоа изгледа совршено и во која јас најдобро се чувствувам е: ролка, панталони, сако (може, а и не мора), патики или чизми и палто. На ова би додала и добра чанта, моден детаљ како часовник, обетки и слично. Ова е една од моите брзи комбинација кога не знам што да облечам, а при тоа сакам да изгледам модерно и да се чувствувам убаво.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) on

4. Негата на кожата е од исклучителна важност за младите девојките ширум светот. Соодветната нега го штити нашето здравје, но и ни ја зголемува самодовербата. Како ти се грижиш за твојата кожа и дали би сакала да споделиш неколку совети за нашите читатели?

Негата на кожата е многу поважна од шминката. Да, сите сакаме да изгледаме убаво и тоа е сосема нормално, но кога имаме убава кожа, немаме ни потреба од шминка. Додека бев помала не го разбирав тоа и ставав секаква шминка и пудри од кои реално немаше потреба, и со тоа само ја оштетував мојата кожа. Најважно нешто е таа да се негува, бидејќи кога имаме чиста кожа имаме и повеќе самодоверба. Неколку совети што би сакала да ги споделам е секоја вечер да се чисти лицето од шминка, да се прави редовен пилинг и да се одржува добра хидратација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) on

5. Забележавме дека обожаваш да поминуваш време надвор, на свеж воздух. Имаш ли некое омилено место во природата во рамките на нашата Македонија?

Македонија е земја во која има преубави места, иако за тоа не сме ни свесни. Дефинитивно едно од моите омилени места е Охрид, кој е прекрасен во секое годишно време, а особено во лето. Ниту едно лето не ми поминува без да го посетам. Таму се чувствувам најубаво, има најубави места за сликање, за прошетки… Едноставно совршено!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) on

6. Да се биде среќен е секогаш во тренд. Каков совет би им дала на нашите читатели што се во потрага по нивната среќа, како и по насмевката?

Најважното нешто што е потребно за да бидеме среќни е да сме задоволни од себе, да се сакаме токму онакви како што сме и да очекуваме многу од себе, а малку од другите. Среќата секогаш се наоѓа во малите нешта, доколку знаеме како да ја пронајдеме. Ништо што носиме не е поважно од насмевката. Јас многу сакам насмеани и среќни луѓе, кои зрачат со позитивна енергија што сигурно ќе ја пренесат на сите околу нив. И да, да се биде среќен е секогаш во тренд, така да не заборавајте да го вметнете тој детаљ во секоја ваша модна комбинација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) on

7. И за крај, дали можеш да издвоиш еден од најновите трендови во кој најмногу уживаш и ќе продолжиш да го следиш и во следниве сезони?

Мое мислење за трендовите е дека тие доаѓаат и си одат, но стилот треба да остане ист. Имајќи го ова на ум, дефинитивно треба да ги следиме и да бидеме во чекор со нив за да сме забележани. Но, секогаш треба да оставаме свој печат и трендовите да ги приспособуваме кон нашиот стил, за да не се изгубиме себеси. Во овој момент, трендовите што мене најмногу ми се допаѓаат се оние „грди патики“ кои може да се комбинираат буквално со сè, потоа сако и пантолони кои никогаш не излегуваат од мода, и дефинитивно еден од најголемите трендови за оваа, како и за претходната зима – капутите „teddy bear“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenija Despotoska (@ksenijadespotoska) on

Прочитајте ги и модните совети од блогерката Теона Манго: Препознатливоста лежи во стилот, а не во трендот!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар