Утринска личност или ноќна птица: Како да функционирате и како да развиете меѓусебно почитување на работното место?

Утринска личност или ноќна птица: Како да функционирате и како да развиете меѓусебно почитување на работното место?

Без разлика дали сте утринска личност или ноќна птица, овие неколку совети ќе ви помогнат да почнете да се сложувате со личноста која секогаш ве прашува нешто во погрешно време.

Утринска личност или ноќна птица: Како да функционирате и како да развиете меѓусебно почитување на работното место?

Вашиот колега влегува на работа во 09:45 часот наутро со уморни очи и веднаш оди да си направи кафе. Вие, како утринска личност, едноставно не ја разбирате неговата утринска нервоза. Вие сте позитивни наутро, полни со енергија и подготвени за деловни разговори. На вашите колеги не им е дојдено до разговор затоа што прво треба да си дојдат на себе.

Меѓутоа, времето поминува брзо и речиси е пет часот. Вие сте нервозни и уморни, а вашиот колега е полн со енергија и со ентузијазам. Сите луѓе имаат различно ниво на енергија во различни периоди од текот на денот. Научниот термин за тој уникатен ритам што ве прави утринска личност или ноќна птица се нарекува хронотип.

Врз основа на ова, овие неколку совети ќе ви помогнат да работите поефикасно со колегите кои се спротивен вид личност и да ја завршите работата во различно време.

Основни правила

Понекогаш некои активности треба да се направат во одредено време и има малку простор за избор. Но, во ситуации кога можете да бидете флексибилни, искористете го тоа. На пример, ако вашиот колега е ноќна птица, закажете го состанокот по 10 часот. Ако вашиот колега е утринска личност, закажете го состанокот пред 15:30 часот, особено ако станува збор за посложена тема. Со меѓусебно разбирање можете да ги избегнете расправиите и вознемиреноста.

Може да поставите и основни правила околу комуникацијата. На пример, може да се согласите да користите текстуални пораки само за навистина итни прашања. За сè останато, можете да користите е-пошта. Понекогаш комуникацијата треба да се случи во точно одредено време, но многу работи може да почекаат до следниот работен ден и комуникацијата ќе се одвива подобро ако разговарате со луѓето во време што е соодветно за нив.

Искрена комуникација

Луѓето со различни хронотипови чувствуваат енергија и ентузијазам во различни периоди, така што тие нема да разберат што мислите, освен ако искрено не им кажете. Ако вашиот колега дојде до вашето биро веднаш штом ќе стигнете во канцеларијата, најдобро е да му кажете дека имате некоја работа и дека ќе го побарате откако ќе завршите.

Ако некој колега ве замоли да донесете важна одлука во 18 часот, а вие се чувствувате уморно, тогаш најдобро е му да кажете дека не се чувствувате добро во моментот и дека одлуката ќе ја донесете утре.

Овие стратегии може да бидат корисни и за вашиот приватен живот. Ако легнете во креветот обидувајќи се да се мотивирате за работата, а вашиот сопруг започнува да зборува за рефинансирање на хипотеката, можете да кажете: „Навистина не можам да зборувам за тоа сега. Може ли да разговараме утре?“

Ако за време на комуникацијата ви е важно како ќе ве разбере другата личност и како правилно да ѝ одговорите, но во моментот не сте во можност да го направите тоа а најдобриот можен начин, објаснете на убав начин како не можете да донесете важна одлука, извинете се и кажете дека ќе ја донесете одлуката колку што е можно поскоро.

Меѓусебна почит

Лесно е да мислите дека вашиот начин на работа и времето во кое работите се најдобри. За вас можеби е така, но за другите не е. Некои ќе речат дека претпладне или наутро се ослободуваат од целата работа и го имаат остатокот од денот за други активности, а некои ќе речат дека попладне или во вечерните часови имаат најголема концентрација и тогаш ја завршуваат целата работа.

Но, најефикасно ќе работите кога ќе сфатите дека сите луѓе се различни и дека треба да се почитувате едни со други.

Прочитајте зад кои фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар