Како да се справите со токсичната работна атмосфера?

Како да се справите со токсичната работна атмосфера?

Дали се плашите од помислата дека утре треба да одите на работа? Без разлика дали се работи за строг шеф, натрупан распоред со задачи или злонамерни колеги, токсичната работна средина може да има значителен негативен ефект врз вашето ментално здравје, а тоа може да доведе до високи нивоа на стрес, несоница и депресија.

Како да се справите со токсичната работна атмосфера?

Важно е да ги препознаете знаците на токсична работна средина и да знаете кога е време да заминете. Во продолжение прочитајте ги нашите совети за тоа како да се справите со неа.

Запомнете дека не сте вие виновни

Негативната енергија на вашето работно место не е ваша вина. Иако позитивниот став може да помогне во одредени ситуации, запомнете дека вие самите не можете да ја подобрите енергијата и начинот на размислување/однесување на вашите колеги.

Направете пауза за ручек на друго место

Задолжително направете пауза за ручек надвор од работната средина. Седнете во природа ако е можно.

Поставете граници

Не дозволувајте да бидете малтретирани и да ја прескокнувате паузата за ручек или да работите дополнителни часови за кои нема да добиете надомест. Објаснете му на вашиот шеф дека ви е потребна пауза за да се одморите и добро да ја завршите својата работа.

Фокусирајте се на вашите цели

Без разлика на сè, обидете се да останете позитивни. Нема да бидете тука засекогаш затоа што имате поголеми и подобри цели пред вас.

Отстранете ја напнатоста по работата

Следете ги вашите мали ритуали кои можат да ви помогнат да ги отстраните негативната енергија и напнатоста по завршувањето на работата како топол туш, прошетка во природа или разговор со пријател.

Не ги заборавајте вашите вредности

Ако некој на работа е суров кон вас, потрудете се да не одговорите на ист начин. Тоа само ќе направи ситуацијата да ескалира.

План Б

Ако не постојат знаци за прекинување на токсичната работна атмосфера во блиска иднина, започнете со потрагата по ново работно место.

Откако прочитавте на кој начин можете да се справите со токсичната работна атмосфера, можеби ќе сакате да прочитате и кои знаци укажуваат дека имате токсично работно место.

Извор: healthline.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар