Тирамису со јагоди: Колач на чиј вкус ретко кој може да одолее

Тирамису со јагоди: Колач на чиј вкус ретко кој може да одолее

Неодолив и едноставен колач кој ќе ве освежи и во вашиот дом ќе го донесе вкусот на Италија!

Тирамису со јагоди: Колач на чиј вкус ретко кој може да одолее

Потребни состојки:
  • 400 грама јагоди
  • 4 јајца
  • 200 милилитри шлаг
  • Зацврстувач за шлаг
  • 200 грама пишкоти
  • 30 милилитри рум
  • 200 грама шеќер во прав
  • 500 грама маскарпоне сирење
  • 200 милилитри кафе
  • Какао во прав
Начин на подготовка:

Измијте ги јагодите, исчистете ги и исечете ги на половина. Околу половина од нив пасирајте ги со рачен миксер, а остатокот исечете ги на четвртини. Во сад сматете 3 жолчки, 1 јајце и шеќер во прав. Матете додека смесата не се соедини и стане пенеста и светла. Со постојано мешање, додајте го пирето од јагоди и маскарпонето. Сматете го шлагот и зацврстувачот за шлаг и додадете го во смесата.

Потоа смешајте го кафето и румот и во добиената мешавина потопете ги пишкотите. Во калап ставете еден ред натопени пишкоти, потоа еден ред исечкани јагоди и еден слој од кремот. Повторете 2 пати и потоа рамномерно измазнете го колачот. Подготвеното тирамису ставете го во фрижидер да отстои преку ноќта и пред послужување посипете го со какао во прав.

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар