Што треба, а што не треба да правите кога вашите пријатели имаат лош ден?

Пријателите се оние коишто може да ви го подобрат расположението кога имате лош ден. Тие се овде да ве сослушаат и притоа да ви дадат совети. Постојат луѓе коишто умеат да ви ги кажат вистинските зборови тогаш кога ви е потребно, но постојат и такви кои, за жал, ненамерно ќе го постигнат спротивното – ќе направат да се чувствувате винови.

Па, овде погледнете кои работи смеете, а кои не смеете да ги правите кога вашите пријатели имаат лош ден со цел да ги смирите и да го подобрите нивното расположение.

Што да правите:

1. Слушајте. Без разлика дали тоа ќе биде разговор во живо или по телефон, во такви моменти бидете до нив. Не судете, само слушајте.

2 .Покажете им нешто забавно. Тоа може да биде некоја ваша смешна слика или некое смешно видео. Хуморот може да излечи речиси сè.

3. Понудете им помош. И да не можете да помогнете, барем прашајте. На овој начин тие ќе се чувствуваат помалку осамени.

4. Споделете го вашето мислење. Ние самите себеси сме си најголеми критичари. Затоа, потсетете ги вашите пријатели дека животот не се состои само од несреќи и дека постои начин успешно да се справат со целата ситуација.

5. Зборувајте им охрабрувачки. Но, не дозволувајте тоа да биде клише разговор. Бидете искрени и реални.

6. Испланирајте заеднички забавни активности. Подобрете им го расположението на вашите пријатели со тоа што ќе правите забавни работи.

7. Кажете им дека сè ќе биде во ред и дека не се сами. Можеби ви звучи клише, но честопати токму ова е тоа што повеќето сакаат да го слушнат.

Што да не правите:

1. Не кажувајте им „може да биде полошо“ или нешто слично. Да, повеќето нешта може да бидат полоши, но не го кажувајте ова доколку не сакате да ги повредите чувствата на вашите пријатели.

2. Не споделувајте ги сопствените лоши вести. Има разлика помеѓу покажувањето дека го разбирате вашиот пријател и пренатрупувањето со вашите проблеми.

3. Не кажувајте им „ќе помине“. Да, ќе помине, но проблемите се токму во овој момент и тие треба веднаш да се справат со нив.

4. Не нудете им многу начини за да го подобрат расположението. Не кажувајте им дека им се потребни сто начини за да си го разубават денот.

Лошите денови се стресни и непријатни. Затоа, внимавајте како ќе се однесувате со вашите најблиски!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар