Супа полна со здравје која „брише“ 2 килограми за 10 дена

Доброто, старо цвекло со причина го нарекуваат една од најздравите намирници во светот. Полно е со железо и заради тоа е одлично за анемичните личности. Станува збор за нискокалоричен зеленчук со многу хранливи влакна и добри протеини кои нè држат сити подолго време и ни даваат енергија. Содржи и фолна киселина и витамините B1, B2, B3 и B6. Заради сето наведено тоа е одличен додаток во исхраната и диетите. За оние кои сакаат да ослабат на здрав начин, одличен избор е супата од цвекло која „брише“ и до 2 килограми за 10 дена. Во текот на тој временски период секојдневно консумирајте го и ослободете се од несаканите килограми.

1-supa-polna-so-zdravje-koja-brishe-2-kilogrami-za-10-dena-www.kafepauza.mk_

Потребни состојки:

  • 400 милилитри пилешка супа или супа со зеленчук
  • 2 цвекла со средна големина
  • 500 милилитри вода
  • 2 лажици јаболков оцет
  • 1 мала лажичка кисела павлака
  • Прстофат сол
  • Копар
  • 2-3 капки лимон
  • Свеж рен, по желба

Начин на подготовка

1. Излупете го цвеклото, измијте го и исечете го на ситни коцки. Потоа ставете го во сад со вода, посолете го и оставете го да се вари. Варете го цвеклото околу 25 минути или сѐ додека не омекне, односно додека не можете со ножот лесно да поминете низ него.

2. Загрејте ја пилешката супа или супата со зеленчук. Ставете го во неа вареното цвекло, јаболковиот оцет и копарот, па со помош на миксер или блендер сите состојки претворете ги во крем.

3. На крајот додајте во супата малку лимон и лажичка кисела павлака, а по желба во неа можете да изрендате и малку свеж рен кој одлично одговара со цвеклото.

Важни совети:

Препорачаното траење на диетата со цвекло е 10 дена. После тоа направете мала пауза, од барем една до две недели.

Во текот на диетата секојдневно консумирајте минимално 2 литри вода, не вклучувајќи ја останатата течност која ја внесувате во текот на денот.

Здравствените придобивки од цвеклото се неисцрпни, па затоа подгответе го и овој вкусен напиток од цвекло за појаки мускули и подобар имунитет.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар