Што значи кога ќе се разбудите пред вашиот аларм?

Одвреме-навреме доаѓаат и утрата кога на волшебен начин се будите самите без аларм. Вашето тело самото станува без да го слушнете досадниот звук за будење. Можеби сте навистина среќни и ова ви се случува често, но за повеќето луѓе ова искуство е ретко и необично. Па, што навистина значи ова? Дали е добар знак за вашиот сон, или пак значи дека не спиете колку што треба?

Што значи кога ќе се разбудите пред вашиот аларм?

Изгледа дека будење пред алармот може да се случи поради неколку причини, а една од нив е совршен одмор во текот на ноќта. Доктор Суџеј Кансагара, директор на програмата за спиење на Универзитетот Дјук изјавил дека будењето пред алармот не е секогаш ненормално, но понекогаш укажува на пречки во спиењето.

„Дури и во длабок сон (РЕМ фазата) нашиот мозокот може да биде многу активен и нештата како врева или светлина можат да нè разбудат и да нè вознемират.“

Покрај тоа, ако во главно имате лесен сон, ова може да резултира во будење долго пред вашиот будилник.

Од друга страна, ако немате потреба од нешто да ве разбуди може да значи и дека вашето тело добро се одморило во текот на ноќта и е подготвено да се разбуди. Доктор Бенџамин Смар, професор на Националниот институт за здравје, смета дека ова дефинитивно е добар знак.

„Природното будење е поздраво бидејќи му овозможува на телото да ги заврши подготовките пред да го започнете денот.“

Покрај тоа, ако не сте превртувале во текот на ноќта, будењето пред алармот е знак дека не собирате долг за спиење, односно не ги чувствувате ефектите од недоволниот сон.

Всушност, ако вашето тело не се буди природно пред алармот, доктор Смар советува да го тренирате да го прави токму тоа. Можеби звучи како нешто навистина напорно, но не е невозможно.

„Првиот начин да се обидете да се разбудите без аларм е да легнете порано, притоа имајќи на ум дека се откажувате од ноќните часови за да инвестирате во поквалитетен ден следното утро. Престанете да користите светло, особено направи со светлина барем еден час пред спиење. Светлината го мами вашиот мозочен часовник дека е ден, па ве одржува будни подолго.“

Најдобро е часот пред спиење да го искористите за читање, миење заби и достигнување на менталната состојба што ќе ви помогне полесно да заспиете. Ако сакате постојано да се будите без аларм, мора да имате постојан распоред на спиење. Тоа значи да си легнувате отприлика во исто време секоја вечер. Држењето до распоредот ќе го балансира вашиот внатрешен часовник одговорен за одредување на изворите на светлина и темнина во опкружувањето.

„Коа се држите до распоред, односно кога се будите во исто време и во работните денови и за време на викендите, вашиот мозок ќе биде како внатрешен аларм.“

Додека повеќето возрасни имаат потреба од 7 до 9 часа сон, најдобро е самите да откриете колку ви се потребни вам за да научите да се будите без аларм. Ако знаете дека ќе си легнете подоцна, обидете се да легнете барем 10 или 15 минути порано од планираното време. Ова можете да го правите секоја вечер, постојано одземајќи минути додека не стигнете до посакуваното време за легнување.

Погледнете и кое е идеалното време за спиење за секоја старосна група.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар